28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSony го претстави SmartWatch 2

Sony го претстави SmartWatch 2

sonysaat

„Sony“ на годинешниот „Mobile Asia Expo“ во Шангај го претстави својот „SmartWatch 2“, паметен часовник кој работи на „Android“.

„SmartWatch“ е дизајниран така да претставува втор екран за вашиот паметен телефон, може да биде персонализиран со апликации во зависност од начинот на кој сакате да го користите, а исто така овој уред е отпорен на вода.

За разлика од својот претходник, новиот уред има поголем екран кој е од 1.6 инчи и резолуција од 220 x 176 пиксели.

„SmartWatch 2“ има поддршка за „NFC“ и „BlueTooth 3“ и многу лесно може да се поврзе со секој уред кој работи на Андроид 4.0 или понова верзија.

sonysaat1

Кога траењето на батеријата е во прашање, „Sony“ тврди дека „SmartWatch“ може да преживее 4 дена умерено користење или скоро 7 дена со штедливо користење.

Со помош на бројните апликации „SmartWatch“ може да се користи и како камера, може да се проверуваат електронски пораки или да управувате со своите презентации.

„Конкурентите дури сега лансираат уреди од прва генерација, додека ние имаме уред од трета генерација, а тоа е пред се благодарејќи на податоците кои ги имаме добиено од преку пола милион корисници за да го направиме најдобриот паметен часовник“, вели Стефан Персон од „Sony“.

„Sony SmartWatch 2“ ќе се појави на пазарот од септември 2013-та година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП