2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТТК Банка АД Скопје прокнижи солидна добивка во 2018 година

ТТК Банка АД Скопје прокнижи солидна добивка во 2018 година

Во периодот од 1.1.2018 до 31.12.2018 година ТТК Банка АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат и оствари нето добивка од 101,3 милиони денари.  

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1-31.12.2018 година изнесуваат 270,8 милиони денари и бележат раст од 2,1% во однос на истиот период минатата година. Приходите од камата заклучно со 31.12.2018 година изнесуваат 339,7 милиони денари и се зголемени за 2,1% во однос на истиот период минатата година главно како резултат на зголемената кредитна активност на Банката кон секторот домаќинства и секторот нефинансиски друштва. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 94,5% од Буџетот.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 126,2 милиони денари, што се на ниво на 2017 година. Степенот на исполнување на планот е 91,2%.

Нето-приходите од тргување изнесуваат 4,2 милиони денари и во однос на минатата година бележат зголемување за 35,7%. Степенот на исполнување на планот е 88,3%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 120,9 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 22,2 милиони денари или 22,5% како резултат на остварената капитална добивка од продажба на дел од имотот преземен врз основа на ненаплатени побарувања.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 320,6 милиони денари и споредено со истиот период минатата година се пониски за 3,0%, како резултат на подобрена оперативна ефикасност. Степенот на исполнување на планот е 99,6%.

Исправката на вредност на нефинансиските средства на нето-основа во периодот јануари – декември изнесува 54,2 милиони денари и е резултат на реализацијата на одредбите од Одлуката на НБРСМ за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП