25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСбербанк планира да се приклучи на кинескиот банкарски платежен систем

Сбербанк планира да се приклучи на кинескиот банкарски платежен систем

Руската банка „Сбербанк“ има намера да ги забрза девизните плаќања во Кина, така што планира да се приклучи на кинескиот банкарски платежен систем, изјави Анатолиј Попов, заменик-претседател на Одборот на директори на банката, цитиран од агенциите.

„Ние работиме на интегрирање во кинескиот банкарски платежен систем за да ја обезбедиме брзината на плаќањата во Кина“, рече Попов.

Сепак, тој не прецизираше точно за кој систем станува збор.

Банкарот истакна дека Кина е многу важен трговски партнер за Русија, од голема важност е да се обезбеди висока стапка на девизни плаќања.

Во презентацијата на „Сбербанк“ на прес-конференцијата се истакнува дека валутната контрола кај 92% од исплатите се врши во рок од еден час, додека за 99% од нив се потребни три часа.

Во декември 2018-та година, претседателот на Управниот одбор на банката Герман Греф изјави дека очекува растот на банкарскиот сектор во Русија да забави во 2019-2020-та година.

Според Греф во периодот од 2015-та до 2017-та година профитот на банкарскиот сектор бил минимален или дури негативен, а во 2016-та година „Сбербанк“ заработила над 500 милијарди рубљи (над 7,2 милијарди долари), резултатот на секторот бил негативен, што значи дека сите други банки биле во минус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП