18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера: Mercedes GLC зa 2019-та (фото+видео)

Светска премиера: Mercedes GLC зa 2019-та (фото+видео)

„Mercedes“ го редизајнираше својот популарен „SUV“, a покрај стилските промени пристигнуваат и технолошки подбрувања.

Aктуелниот „GLC“ дебитираше во 2015-та година како наследник на „GLK Сlasѕ“. Промената во името на моделот донесе и нов, модерен дизајн, со кој овој редизајн е дополнително нагласен.

Решетката на ладилникот е визуелно „појачана“, а нов облик има и предниот браник кој има нови, хромирани украсни детали.

Променет е и дизајнот на фаровите, а „LED“ светлата доаѓаат како стандардна опрема.

Позади исто така се редизајнирани стоп-светлата. Нов е и изгледот на издувните цевки, кои сега се во трапезидна форма.

Внатрешноста претрпе поголеми промени, благодарејќи на воведувањето на новиот „MBUX“ мултимедијален систем кој вклучува и дигитална инструмент табла, како и голем, централно поставен екран во форма на таблет.

Купувачите на располагање ќе имаат и нови дезени на навлаките на седиштата, кои дополнително ја освежија внатрешноста на кабината.

За крај, „Mercedes“ го редизајнираше и мултифункционалниот волан со дополнителни команди на него.

Моторизацијата се состои од два бензинци и три дизели. Двата бензински агрегати имаат 48-волтна технологија, т.н. „благ хибрид“.

Послабиот „GLC 200 4Matic“ располага со 197 ks (145 kW), a помоќниот „GLC 300 4Matic“ произведува 258 ks (190 kW).

Основниот дизел е „GLC 200d 4Matic“ со 163 ks (120 kW), a следат „GLC 220d 4Matic“ со 194 ks (143 kW) и „GLC 300d 4Matic“ со 245 ks (180 kW).

„Mercedes“ ја прошири и понудата на изборна опрема. Па така сега купувачите може да нарачаат „Dynamic Body Control“ систем за адаптивна суспензија.

Покрај тоа, достапен е и специјален пакет за теренско возење (Off-Road Engineering Package), со предифинирани „Off-Road“ и „Off-Road+“ режими на возење.

Оние кои ќе се одлучат да доплатат за пакетот „Driving Assistance“ ќе добијат и адаптивен темпомат, кој по потреба може да се користи.

Редизајнираниот „Mercedes GLC“ ќе биде претставен на женевскиот авто-саем кој почнува на 5-ти март.

Во продажните салони се очекува возилото да пристигне на средината на 2019-та, а цените ќе бидат дополнително соопштени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП