18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп и Ким го завршија самитот без договор

Трамп и Ким го завршија самитот без договор

Ким и Трамп го завршија самитот денес, порано од предвиденото и без договор!

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека самитот со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун не успеа кога Северна Кореја побара укинување на многу меѓународни санкции, предводени од САД, во замена за затворање на нуклеарната централа “Jongbijon”.

Ким и Трамп денес го завршија самитот порано од планираното, без договор, и веднаш во посебни конвои го напуштија луксузното здание во центарот на Ханој, каде што остварија разговори, јавува новинската агенција Франс прес.

Портпаролот на Белата куќа Сара Сандерс, изјави дека не е постигнат договор, но дека разговорите меѓу двете делегации ќе продолжат и во иднина.

Трамп и државниот секретар Мајк Помпео, изјавија за новинарите во Виетнам денеска дека САД не е подготвена да влезе во договор доколку Северна Кореја не се откажат од своите тајни нуклеарни објекти, како и нивната програма за производство на проектили и боеви глави.

Експертите велат дека Вашингтон не би требало да направат големи отстапки доколку станува збор само за нуклеарната централа “Jongbijon”, затоа што се верува дека Северна Кореја тајно управува со други локации за збогатување на ураниум скриени низ целата земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП