26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХоландија ги штити своите интереси со поголем удел во Air France-KLM

Холандија ги штити своите интереси со поголем удел во Air France-KLM

Холандската држава купи удел од 13% во „Air France-KLM Group“ во рамките на изненадувачки потег чија цел е земјата да ги заштити своите интереси и да ги израмни позициите со другиот влијателен акционер – Франција. Одлуката за купување доаѓа откако двете држави влегоа во судир поради превозникот кој ја остави Холандија во неповолна позиција.

„KLM“ – поранешниот холандски национален превозник, кој се спои со „Air France“ во 2004-та година, како и аеродромот Шипхол во Амстердам, се од големо значење за економијата и вработеноста во земјата, изјави холандскиот министер за финансии Вопке Хјокстра за време на прес-конференција, откако ја објави инвестицијата. Според него Владата на земјата стравува дека одлуките за стратегијата на „KLM“ почесто се земаат на нивото на холдинг компанијата со седиште во Париз.

„Едноставно имаше премалку влијание од страна на државата во „KLM“ за да може таа да се грижи за холандските јавни интереси и добра, и да има успех со „KLM““, додаде министерот, според кого одлуката покажува долгорочен ангажман на земјата во компанијата.

Активностите на Холандија сепак ризикуваат исто така да ги разгорат тензиите меѓу францускиот и холандскиот дел на компанијата, токму откако друга криза го загрози местото на Извршниот директор на „KLM“, Пиетер Елберс. Тој успеа да ја задржи функцијата, но како последица на тоа главниот извршен директор на „Air France-KLM“, Бенџамин Смит си доби место во надзорниот одбор на „KLM“ и се бори за витка структура при донесување решенија при земањето на власта. Тој ги отстранува некои одложувања во процесот, но исто така и некои механизми за обезбедување на одредена еднаквост за Холандија.

Хјокстра изјави дека Владата – која поседуваше 5,9% пред последното купување, сака да се израмни со Франција, која од своја страна има 14% во групата и како целина е највлијателен акционер.

Новиот удел Холандија ќе ја чини 680 милиони евра и ќе ја стави земјата во позиција во која таа ќе може да сака место во Управниот одбор на следното Генерално собрание.

Заканата за функцијата на Елберс предизвика силна поддршка за него во Холандија, па илјадници вработени на „KLM“ излегоа на протест во заштита на својот раководител пред седиштето на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП