28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕК го одобри купувањето на обновливите енергетски ефикасни бизниси на E.ON од...

ЕК го одобри купувањето на обновливите енергетски ефикасни бизниси на E.ON од RWE

Европската комисија (ЕК) го одобри купувањето на активите на „E.ON“ поврзани со обновливата енергија, од страна на „Rheinisch-Westfälisches Elektrizitätswerk AG“ (RWE), објави извршниот орган на Европската унија (ЕУ) во свое соопштение.

Комисијата заклучила дека договорот меѓу двете германски енергетски компании не ги нарушува антимонополните регулации на блокот.

„RWE“, која е најголемиот производител на електрична енергија во Германија, ќе стане третиот по големина трговец со обновлива енергија во Европа, по шпанската „Iberdrola“ и италијанската „Enel“, кога трансакцијата ќе биде завршена.

Од своја страна, „E.ON“ планира да се фокусира на малопродажбата и дистрибуцијата на електрична енергија и природен гас.

ЕК утврдила дека постои мала веројатност купувањетоа да спречи ефективната конкуренција во производството и трговијата на големо на електрична енергија.

„RWE“ располага со 20-процентен удел на пазарот (и околу 30% во конвенционалното производство) на германскиот пазар на електрична енергија, а зголемувањето на овој партиција по договорот нема да биде значајно (помалку од 1 процент).

Според Комисијата дел од зголемувањето на уделот ќе биде привремен, бидејќи нуклеарните средства кои „RWE“ ги купи од „E.ON“, ќе треба да бидат отстранети од употреба до крајот на 2022-ра година според енергетската програма на земјата.

Со купувањетоа на обновливите средства „RWE“ ќе може да се доближи до своите најдобри производствени податоци кои се однесуваат на зелената енергија, од 2013-та година, кога компанијата успева да генерира 13,8 милиони киловат-часови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП