Британската „Marks & Spencer Group Plc“ (M&S) преговара со стартапот „Ocado Group Plc“ за создавање на заедничка компанија, што ќе му овозможи на трговецот на мало да ја прошири својата дејност при испораките до домовите на клиентите, соопшти „Bloomberg“.
Новото обединување може да го зголеми бизнисот со прехранбени производи на „M&S“, чиј раст бележи забавување во последните месеци, откако трговецот затвори 100 продавници на територијата на Велика Британија.
„Ocado“ која е основана од поранешниот банкар на „Goldman Sachs“, Тим Стајнер, успеа да стане еден од најголемите онлајн трговци во Обединетото Кралство.
Двете компании се уште не објавиле детали во врска со договорот.
Според податоците на „Evening Standard“, „M&S“ ќе плати на „Ocado“ околу 900 милиони фунти (1,2 милијарди долари) за 50% од компанијата.
На овој начин компанијата ќе ја наследи сопственоста на„ John Lewis Partnership Plc Waitrose“, како главен снабдувач на производи за „Ocado“.
Британскиот синџир на мало помина низ новиот квартал со пад во основните продажби, како кај храната, така и кај облеката во почетокот на јануари.
„M&S“, која со години се бори со конкуренцијата од рестораните за брза храна, онлајн продавниците и дискаунтерите, изјави дека нејзините насоки за годината остануваат без промена.
По околу една деценија на неуспешни планови за реструктуирање на компанијата сега цели да постигне одржлив, профитабилен раст во рок од три до пет години, затворање на помалку профитабилните продавници, преоформирајќи ги бизнисите со храна и облека, намалувајќи ги трошоците и инвестирајќи во технологии.