26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпрогрес прогласена за „Компанија предводник на Целите за одржлив развој 2019“

Макпрогрес прогласена за „Компанија предводник на Целите за одржлив развој 2019“

Синоќа за првпат се одржа свеченото доделување на наградите „Целите за одржлив развој 2019“ каде македонската лидерска прехрамбена компанија „Макпрогрес“ се закити со наградата „Компанија предводник на Целите за одржлив развој 2019“. Наградата беше доделена за време на свечената церемонија која се одржа во Македонската филхармонија од страна на вицепремиерот задолжен за економски прашања во владата, г. Кочо Анѓушев.

Оваа награда  и припадна на Макпрогрес врз основа на три веќе реализирани проекти во текот на изминатата 2018 година и тоа: поставување на сончеви панели со помош на кои оваа комапнија започна да користи обновливи извори на енергија во процесот на производството. Па така компанијата оваа година планира да користи околу 30% од вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија произведена директно од сонцето. Потоа тука е и донацијата на производи од нивната широка палета на децата од СОС Детско Село со што докажаа дека се вистински пријатели со срце. Истакнат беше и проектот за професионално насочување, можности за стипендирање, привремено и трајно вработување на матуранти.

„Оваа награда за одржливост за нас е од огромно значење и претставува потврда за напорите да ги промовираме инспиративните иницијативи на Макпрогрес кои нудат конкретни решенија и можности за постигнување на целите на одржливиот развој. Ние целиме кон задоволување на потребите на денешните генерации, без да се загрози способноста, потенцијалот и потребите на идните генерации. Нашата програма за одржлив развој вклучува сеопфатен пристап во кој економските, социјалните и еколошките аспекти се споени во една целина. Уште еднаш благодарност за довербата која ни е укажана со оваа награда. Таа за нас е уште поголем мотив да продолижиме во оваа насока“, изјави г. Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес.

На настанот поздравни говори до присутните одржаа: г. Никола Бертолини, од Делегацијата на Европската Унија и г. Бенџамин Перкс,  вршител на должност Постојан коодинатор на ООН во земјава.

Настанот е во организација на здружението на граѓани од Македонија “Конект“, а финансиски поддржан од Европската Унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП