20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилијардерот Ворен Бафет предвидува "мегакатастрофа"

Милијардерот Ворен Бафет предвидува “мегакатастрофа”

Милијардерот Ворен Бафет го објави своето годишно писмо со предупредување за можноста од нешто “големо”.

Бафет тврди дека светот ќе биде нападнат од некој голем ураган, земјотрес или хакерски напад, по што ураганите Катрина и Мајкл ќе изгледаат како “џуџиња”, пишува Бизнис Инсајдер.

Катастрофа би можела да се случи утре или за неколку децении, но едно е сигурно – таа е неизбежна. “Кога ќе дојде до таква “мегакатастрофа”, ќе претрпиме големи загуби. Многу големи “, рече Бафет.

Но, Бафет порача дека има план. “За разлика од многу други осигурителни компании, ние веќе следниот ден ќе гледаме да го надоградиме нашето работење”, рече 88-годишниот милијардер во писмото.

Катастрофата може да биде природна или изненадувачка, но експертите предупредуваат за првото сценарио.

Во последниве години, загриженоста за големи катастрофи доаѓа од геолозите, сеизмолозите и други научници. Всушност, има премногу докази за промена на климата која се должи на човековото влијание, што се одразува во чести пожари, суши, урагани и цунами.

Исто така, постојано се подобрува нашата способност да ги предвидиме и моделираме ризиците од новите природни катастрофи.

Иако не се сите природни катастрофи плод на човековата вина, сепак тие дополнително се влошуваат поради брзоплетото градење, лошото планирање, промашена инвестиција во здравствената инфраструктура и заштита на животната средина, како и претерано потпирање на валканите фосилни горива, утврдија експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП