28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Electric го продава својот биофармацевтски бизнис за 21,4 милијарди долари

General Electric го продава својот биофармацевтски бизнис за 21,4 милијарди долари

Корпорацијата со седиште во Вашингтон, „Danaher“ одлучила да го купи биофармацевтскиот бизнис на американскиот енергетски гигант „General Electric“ за 21,4 милијарди долари, соопштува „CNBC“.

Освен споменатата сума, „Danaher“ ќе преземе и обврските на „GE“ во врска со исплатата на пензиите на веќе повлечените од работа вработени, посочуваат од компанијата.

Единицата на енергетската компанија за медицински и здравствени истражувања ќе се приклучи на „Danaher“ како самостоен бизнис. Биофармацевтскиот оддел се очекува да генерира околу 3,2 милијарди долари профит во оваа година.

Од „Danaher“ очекуваат договорот да заврши до четвртиот квартал.

По оваа вест акциите на „GE“ поскапеа за околу 15 отсто во првите часови од сесијата. Во исто време вредноста на акциите на „Danaher“ се зголеми за 5,2%.

„Ние се фокусираме на завршување на продажбата на биофармацевтската единица, што претставува 15% од целиот здравствен сегмент и ќе обрнеме внимание на управувањето со нашиот главен бизнис“, изјави претседателот и извршен директор на „GE“, Лери Келп за „CNBC“.

„Продажбата на оваа единица е позитивен настан“, сметаат од „Credit Suisse“.

Келп, кој пред тоа ја раководеше токму „Danaher“ повеќе од една деценија, се приклучи на „GE“ во минатиот февруари.

При управувањето од страна на Келп, „Danaher“ успева да ја направи нејзината единица за здравствени услуги голема предност за компанијата и да ја зголеми нејзината вредност, која во моментов изнесува 6,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП