19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританските банкарски менаџери заработуваат 120 пати повеќе од вработените

Британските банкарски менаџери заработуваат 120 пати повеќе од вработените

Шефовите на најголемите британски банки добиваат плати кои се во просек 120 пати поголеми од просечната плата на своите вработени на Островот. Ова го покажуваат банкарските документи, откако земјата го заостри надзорот врз нееднаквоста во платите, соопштува „Ројтерс“.

Најдрастична е разликата во најголемиот британски кредитор „Lloyds Banking Group“. Нејзиниот извршен директор Антонио Орта-Осорио кој е и највисокоплатениот раководител во секторот за 2018-та година, надминал 169 пати повеќе од просечната плата на вработените во износ од 37.058 фунти (48.164 долари), покажа годишниот извештај на банката.

Разликата доаѓа и до 237 пати, кога менаџерот ќе се спореди со нископлатените службеници кои во просек имаат добиено 26.490 фунти во 2018-та година во однос на 6,3-те милиони фунти кои Орта-Осорио ги добил.

Банката ги презентира податоците заедно со резултатите за изминатата година во врска со новите барања, кои ќе стапат во сила од следната година и кои ги обврзуваат компаниите да го покажуваат односот меѓу платата на главниот извршен директор и средната на вработените во Велика Британија, за најнископлатениот и високоплатениот персонал.

Втор е друг банкарски гигант „HSBC“. Неговиот извршниот директор Џон Флинт заработил износ од 4,6 милиони фунти. Во минатата година тоа е 118 пати повеќе од просечниот вработен во банката во Велика Британија.

Односот меѓу плаќањето на главниот извршен директор и просечниот вработен во конкурентските банки „Royal Bank of Scotland“ (RBS) и „Barclays“, тие остануваат многу поназад со соодветни вредности од 97 кон 1 и 96 кон 1.

Главниот извршен директор на „RBS“, Рос Макеван добил за изминатата година 3,6 милиони фунти – зголемување во однос на 3,5 милиони фунти од пред една година. Што се однесува до шефот на „Barclays“, Џес Стали, тогаш неговата плата е најниска – 3,4 милиони фунти при 3,9 милиони пред 12 месеци.

Разликите во платите меѓу различни скалила на корпоративната скала станаа предмет на строга контрола од страна на британските власти во последниве години.

Податоците за разликите се претставени, откако во понеделникот „City of London Corporation“ – службата која раководи со финансиската област на Лондон, започна кампања против ниските плати во финансиските компании. Кампањата ги повикува компаниите да им ја плаќаат на своите вработени барем минималната плата, потребно за покривање на потребите за живот во Лондон – 10,55 фунти (13,73 долари) на час.

„Еден од пет лица кои работат во главниот град, не заработуваат плата со која ќе можат да живеат. Ги повикувам компаниите од „City“ да помогнат за испраќање на оваа статистика во историјата“, изјави Кетрин Макгинес од „City of London Corporation“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП