7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTоп 10 најбарани автомобилски брендови во ЕУ

Tоп 10 најбарани автомобилски брендови во ЕУ

Според податоците од 28 земји од ЕУ и 3 земји од „EFTA“, најпродаван автомобилски бренд во 2018-та беше „Volkswagen“, a следат „Renault“ и „Ford“.

„Volkswagen“ убедливо ја држи првата позиција со 1.746.674 продадени возила во 31 евроски земји, или учество на пазарот од 11,2%.

„Renault“, кој ја зазема втората позиција, во 2018-та на европските купувачи им има испорачано 1.097.286 автомобили, што значи 7% од пазарот на нови возила, додека третопласираниот „Ford“ има продадено 1.013.938 сединици (6,5% удел од пазарот).

Интересно е дека меѓу десетте најбарани автмобилски брендови во Европа се наоѓа само еден јапонски („Toyota“ на 10-то место).

Погледнете ја листата на Топ 10 најпродавани автомобилски марки. Податоците се 28-те земји членки на ЕУ и 3 земји членки на договорот „EFTA“ (Норвешка, Исланд и Швајцарија):

*Во првата графа е рангирањето, втората за името на брендот, третата за продадени возила во 2018-та и четвртата за пазарниот удел во минатата година.

Инаку, позициите од 11-т дo 20-то место ги заземаат: „FIAT“, „Citroen“, „Hyundai“, „Dacia“, „Kia“, „Nissan“, „Seat“, „Volvo“, „Suzuki“ и „Mazda“, додека од 21-во до 30-то место се наоѓаат: „MINI“, „Jeep“, „Land Rover“, „Mitsubishi“, „Honda“, „Smart“, „Alfa Romeo“, „Jaguar“, „Porsche“ и „Lancia“ (oвој италијански производител на пазарот е застапен со само еден модел – „Ypsilon“).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП