19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCupra Formentor изгледа „опасно“ (фото+видео)

Cupra Formentor изгледа „опасно“ (фото+видео)

Новата шпанската марка „Cupra“, која до неодамна беше поделба на „Seat“ во Женева ќе претстави прототип на спортски кросовер чија сериска верзија ќе излезе на пазарот во 2020-та година.

Моделот се нарекува „Formentor“, а голем дел од стилистички решенија кај него се превземени од концептниот „Seat 20V20“ претставен во Женева во 2015-та година. Некои од елементите на дизајнот – најмногу задните стоп светла, кои се земени од предводникот на шпанците – „Tarraco“.

Во кабината на возилото се ставени спортски седишта и целосно дигитален Инструмент-панел кој е комбиниран со 10-инчен екран на допир за мултимедијалните системи.

„Cupra Formentor“ е управуван од хибриден агрегат, кој може да се полни од електрична мрежа. Во него влегуваат бензински турбомотор, електричен мотор, комплет батерии и автоматски менувач со две спојки. Моќноста на системот е 250 КЅ, а само на струја возилото поминува до 50 км.

Плановите на брендот „Cupra“ се најдоцна до 2024-та година да почнат да продаваат по 30.000 свои автомобили годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП