19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSociete Generale планира големи отпуштања во инвестициското банкарство

Societe Generale планира големи отпуштања во инвестициското банкарство

Француската банка „Societe Generale SA“ има намера да започне масовно намалување на работните места во својата единица за инвестициско банкарство и да најде партнер за својот бизнис со акционерски капитал, за да го компензира зголемениот ризик поради прописите, соопштува „Bloomberg“, повикувајќи се на извори запознаени со прашањето.

Компанијата може да го скрати стотици, дури илјадници, работни места во својата глобална единица за банкарски и инвестициски одлуки, вклучувајќи и позиции со помошни функции како финансирање и човечки ресурси.

Единицата „GBIS“ кој е дел од „SocGen“ располага со повеќе од 20.000 вработени. Еден од главните француски синдикати вели уште во почетокот на февруари, дека банката се подготвува за сериозни намалувања на работните места.

Главниот извршен директор на „SocGen“, Фредерик Одеа изјави дека е премногу рано да се коментираат одлуките во врска со бројот на вработените.

„Во 2018-та година инвестициското банкарство на „SocGen“ не беше во согласност со нејзиното сценарио за приходите и односот помеѓу трошоците и приходите“, изјави Џонатан Ферон, инвестициски директор во „Aberdeen Standard Investments“.

Според него, треба да се преземат „корективни мерки“.

Корпорацијата со седиште во Париз се стреми да ги намали трошоците за 500 милиони евра (567 милиони долари) и да ги преиспита помалку профитабилните банкарски единици по резултатите од четвртиот квартал.

Од „SocGen“ изјавија претходно овој месец дека предметната редукција ќе биде насочена кон активностите поврзани со фиксниот принос и валутите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП