24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИталија ги казни Ryanair и Wizz Air поради политиката за багаж

Италија ги казни Ryanair и Wizz Air поради политиката за багаж

Италијанските власти ги казнија авиокомпаниите „Ryanair“ и „Wizz Air“ за нивната нова политика за кабински багаж.

Првата компанија ќе мора да плати 3 милиони евра, а втората 1 милион евра.

Агенцијата за заштита на конкуренцијата во земјата (AGCM) објави дека давачките од 5 до 25 евра, кои авиокомпаниите им ги наплаќаат на патниците, ако сакаат да земат поголем куфер во кабината на авионот е кршење на законот.

Новата политика стапи на сила на 1-ви ноември минатата година, а еден ден подоцна, италијанските регулатори забранија привремено да се спроведуваат во земјата.

Според нив, „Ryanair“ ги задолжил своите клиенти да платат куфери со тежина до 10 кг, што претходно било бесплатно.

Според новите правила на „Wizz Air“, секој патник има право да носи во кабинскиот простор еден бесплатен рачен багаж (40x30x20 см), а оние кои ќе го купат „WIZZ Priority“, ќе можат да качат во авинот и багаж со тркалца (55х40х23 см).

„Рачниот багаж е суштински елемент од услугата и неговото пренесување треба да им биде дозволено без наметнување на дополнителни трошоци“, гласи одлуката на „AGCM“.

Агенцијата смета дека двете авиокомпании треба да ги вклучат во цената на билетот таксите за поголеми куфери, за да бидат во целосна согласност со правилата во Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП