20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонијатурист АД Скопје прокнижи повисока добивка за 2018 година

Македонијатурист АД Скопје прокнижи повисока добивка за 2018 година

Друштвото со своето работење во даванаесетте месеци од 2018 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 122,06 мил. денари која е за 2,41% поголема во однос на истиот период од претходната 2017 година или нето добивка 112,06 мил. денари која е за 1,92% поголема од истиот период во минатата година.

Вкупните приходи за 2018 год. изнесуваат 375,85 мил. денари и се остварени со 104,61% во однос на истиот период од претходната година, истите се за 4,61% поголеми во споредба со дванаесетте месеци од минатата 2017 година.

Вкупните трошоци и расходи од редовното работење во 2018 год. изнесуваат 253,21 мил. денари и се зголемени за 5,71% во однос на истиот период од 2017 година.

Притоа останатите финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност се на доста високо ниво.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП