26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХибридниот Peugeot 508 – до „стотка“ зa 4,3 секунди! (фото+видеo)

Хибридниот Peugeot 508 – до „стотка“ зa 4,3 секунди! (фото+видеo)

Францускиот производител го претстави концептот „Peugeot 508 Sport Engineered“ со „plug-in“ хибриден погон и спортски перформанси, пред официјалната премиера на ова возило на женевскиот авто-саем.

Новит хибриден концепт е дело на одделението „Peugeot Sport“, a aвтомобилот е именува п серискиот модел „508 Hybrid“.

Погонскиот систем го сочинува четирицилиндарски 1.6-литарски „PureTech“ турбо бензинец со 200 „коња“, кој е поврзан со два електромотори.

Послабиот, со своите 110 ks има погон на предните тркала, додека вториот со 200 ks моќта се испраќа на задната осовина, што на овој автомобил му обезбедува и погон на сите четири тркала.

Иако вкупната моќ на сите три погнски едници изнесува преку 500 ks, францускиот производител вели дека во реалноста на возачот на располагање му е комбинирана моќ од околу 400 „коњи“.

Максималниот вртежен момент е 500 Nm, a „Peugeot“ тврди дека „508 Sport Engineered Concept“ од место до „стотка“ забрзува за само 4,3 секунди, пред да ја достигне најголемата електронски ограничена брзина од 250 km/h.

Концептот е опремен со погонски батерии со капацитет од 11,8 kWh, што му овозможува само на електрична енергија да мине и до 50 km.

„Концептот „508 Sport Engineered“ ја покажува нашата можност и ни дава навестување за работите кои ќе пристигнат во следните пет години, за кога е планирана електрификација на целата гама“, велат од „Peugeot“.

Oвој автомобил ќе биде излжен на штандот на францускиот производител на претстојнит саем во Женева, а не е соопштено дали е во план продукција верзија или „508 Sport Engineered“ ќе остане уште едно демонстративно концептно возило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП