20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWix.com очекува 25% раст на приходите во 2019-та

Wix.com очекува 25% раст на приходите во 2019-та

„Wix.com“, која им помага на малите бизниси да ги создаваат и управуваат со сопствените веб-страници, објавија дека приходите од четвртиот квартал се зголемени повеќе отколку што се очекуваше, предвидувајќи раст од 25 отсто во 2019-та година, според „Ројтерс“.

Компанијата објави нето профит од 42 центи по акција, со исклучок на еднократните ефекти, што е повеќе од 16 центи по акција од пред една година. Приходите се зголемија за 39 отсто за периодот од една година на 164 милиони долари.

Аналитичарите предвидуваа редвидиран профит од 33 центи по акција на приходи од 162 милиони долари, според „Refinitiv“.

Израелскиот „Wix.com“ нуди бесплатни основни карактеристики на веб-страниците, но корисниците можат да платат за дополнителни услуги, како што се индивидуални веб-адреси и анализа на сообраќајот.

Компанијата има 142 милиони регистрирани корисници. Во текот на кварталот, таа привлече 147.000 корисници кои плаќаат, со што премиум потрошувачите стигнаа 4 милиони. Ова е 24% повеќе од крајот на 2017-та година.

„Wix.com“ предвидува приходи меѓу 755 и 761 милиони долари во 2019-та година, што е зголемување од 25-26% од 2018-та година. Аналитичарите очекуваат приходи од 761 милиони долари.

Главниот финансиски директор Лир Шемеш вели дека „Wix.com“ очекува да генерира бесплатен паричен тек од околу 155 милиони долари, од кои 15-20 милиони долари ќе се користат за нови иницијативи за раст.

„Wix.com“ ужива силна побарувачка за својот платен „Ascend Toolkit“, објавен во декември, кој им овозможува на компаниите да се поврзат и да управуваат со корисничката поддршка.

За првиот квартал, „WiX.com“ очекува приходи во опсег од 172-173 милиони долари, или 25-26% повеќе од претходната година.

Во текот на изминатата година, цената на акциите на компанијата скокна за речиси 70 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП