1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШумахер во „криза“, продава два скапи автомобили

Шумахер во „криза“, продава два скапи автомобили

sumaherov-enzo

Доколку барате автомобил со добро педигре и многу познат сопственик, тогаш „Garage Zenith“ има вистинска понуда за вас, која мораме да признаеме дека е и скапа.

Официјалниот дилер за моделите на „Ferrari“ и „Maserati“ во својата понуда има два автомобили кои биле во сопственост на седумкратниот светски шампион и легенда на Формула 1, Михаел Шумахер.

За да бидат работите уште поинтересни се погрижи и фактот дека двете возила се направени специјално за „Шуми“, па така во нив има многу детали кои се изработени според неговата желба, а во ентериерот се наоѓаат и неговите иницијали.

sumaherov-fxx

Регуларниот „Enzo“ поминал 8500 километри што укажува дека Шумахер не го чувал во гаражата, но тоа неможе да се каже за „FXX“ со кој се поминати само 900 километри. Но тоа не е ништо невообичаено, поради тоа што станува збор за тркачки модел.

Моделот „FXX“ кој го поседува Шумахер е еден од триесете примероци кои беа направени од овој експериментален суперавтомобил кој е изработен врз основа на „Enzо“. Неговото најпознато појавувње беше во 2009-та година кога во емисијата „Top Gear“ лично Шумахер го возеше на пистата на аеродромот во Дансфолд.

Двата автомобили му беа поклонети на Шумахер во текот на неговата кариера во Ферари. Што се однесува до цената за „Enzo“ потребно e да се одвoјат 1.1 милион евра, а пак „FXX“ е малку поскап и неговата цена изнесува 2 милиони.

Доколку сакате да ги погледнете другите возила кои се наоѓаат во понудата на „Garage Zenith“ еве линк кој ќе ви помогне да го сторите тоа.

http://www.ferrari-zenith.ch

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП