27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШвајцарската Glencore го прифати парискиот климатски договор

Швајцарската Glencore го прифати парискиот климатски договор

Една од најголемите компании во светот за ископ на јаглен, „Glencore Plc“ одлучи да го ограничи производството на цврсти фосилни горива, со што цели да одговори на барањата на договорот од Париз за климатските промени, потпишан во 2015-та година, соопштува „Bloomberg“.

Компанијата нема да врши идни големи аквизиции за зголемување на сопствениот потенцијал на јаглен, посочуваат лица запознаени со прашањето.

Одлуката на „Glencore“ е своевиден сигнал за промените што се случуваат во секторот на јаглен поради глобалното затоплување и борбата против климатските промени.

Најголемите имиња во индустријата веќе се притиснати од инвеститорите кои сакаат нагли промени во нивната политика.

Моќните заштитници на природата и еколошките движења ги принудуваат компаниите за јаглен и нафта да се преориентираат кон чиста енергија и намалување на емисиите на штетни гасови.

„Најдовме решенија, при што и двете страни да бидат задоволни“, изјави главниот извршен директор на швајцарската компанија Иван Глазенберг.

И покрај сето тоа, „Glencore“ е далеку од идејата да го напушти јагленот. Токму оваа индустрија носи најголем профит од сите средства на компанијата.

Со ограничувањето на производствениот раст, „Glencore“ предвидува скок во цената на јагленот.

Компанијата соопшти дека ќе го ограничи производството на јагленот за металургија и термо-централите до нивото од сегашната прогноза од 145 милиони тони годишно.

„Glencore“ развива и долгорочни цели за намалување на емисиите на штетни гасови, идејата е поврзана со посветеноста на компанијата кон мрежата од инвеститори „Climate Action 100+“ која управува со близу 32 илјади милијарди долари.

Другите големи имиња во бизнисот со јаглен, исто така го следат примерот на „Glencore“. Барем 15 од најголемите компании во светот ги прекинале инвестициите во индустријата со јаглен, со што ги принудуваат компаниите од индустријата да се пренасочат кон алтернативни средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП