24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпаративна анализа на телекомуникацискиот пазар во Македонија во сегментот на фиксни и...

Компаративна анализа на телекомуникацискиот пазар во Македонија во сегментот на фиксни и мобилни услуги

Институтот за развој на електронските комуникации ИНРЕКОМ Скопје изврши компарација и даде краток осврт врз можните идни промени во однос на понудата и цената на услугите во мобилните и фиксни услуги кај телекомуникациските оператори во Македонија.

Оваа анализа е правена врз основа на јавно достапните податоци на интернет страниците на операторите кои се цел на анализата, односно: Македонски Телеком, оне.Вип, Телекабел, Неотел, Лајка-мобаел и ТоталТВ. Како дополнителен извор се користи и кварталниот извештај од страна на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) кои е јавно достапн на нејзината интернет страница.

Од јавно достапните информации од страна на АЕК , нострифицирани се 8 субјекти, од кои 4 вршат телефонски услуги преку јавна мобилна комуникациска мрежа и тоа: Македонски Телеком А.Д. Скопје, Оне.Вип ДООЕЛ Скопје, Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје и Роби ДООЕЛ Штип.

На страницата на АЕК , може да се погледне извештајот за вторито квартал на пазарот на телекомуникации, па така според податоците, трите оператори (МТ, Вип и Лајка) заклучно со 30.06.2018 година имаат вкупно 1.942.364 активни претплатници. Согласно кварталните јавно достапни податоци, на првото место со удел во мобилниот сегмент е оне.Вип со 50,21%, на второто место е Македонски Телеком со 47,55% а на третото место е Лајкамобајл со 2,24% удел.

Новиот (виртуелен) мобилен оператор, Телекабел започна со работа на 21ви Јануари 2019 година, со што не е возможно да влезе во основниот опис на пазарот на мобилни услуги, а првите податоци колкав удел има ќе се знаат во извештајот за првиот квартал од 2019 година.

Целата споредбена анализа изработена од Институтот за развој на електронските комуникации ИНРЕКОМ Скопје за понудата на операторите на фиксни и мобилни услуги, можете да ја погледнете пристапувајќи тука.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП