25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba го зголеми својот удел во најголемата кинеска инвестициска банка

Alibaba го зголеми својот удел во најголемата кинеска инвестициска банка

Кинескиот гигант во електронската трговија „Alibaba Group Holding“ го зголеми својот удел во најголемата локална инвестициска банка – „China International Capital“. „Alibaba“ купи акции кои се на берзата во Хонг Конг, со што нејзинит уделот достигна 12%, покажуваат документите, пренесува „Ројтерс“.

Интернет компанијата купи 117 милиони акции по просечна цена од 15.50 хонконгшки долари. Тоа е еквивалентно на вкупна инвестиција од 1,18 милијарди хонконгшки долари (230,61 милиони долари), покажуваат пресметките на „Ројтерс“, базирани врз податоците од берзата во Хонг Конг.

Инвестицијата значи дека „Alibaba“ сега е втор по големина акционер во „CICC“, со удел од 11,74%.

Нејзиниот конкурент, „Tencent Holdings“, е најголемиот акционер со 12,01%.

Највлијателните кинески технолошки компании растат агресивно во преживеаниот „бум“ во финтех секторот, партнерството со традиционалните финансиски институции.

Имајќи две од најсилните кинески интернет компании меѓу своите главни инвеститори, „CICC“ им дава поголем пристап до нивните големи количини на информации за потрошувачите и напредна технологија додека бараат нови области за развој.

Во соопштението за „Ројтерс“, „Alibaba“ истакнува дека инвестицијата во „CICC“ ќе го зајакне нивното долгогодишно партнерство.

Од „CICC“ велат дека ги поздравуваат своите долгорочни инвеститори и се нестрпливи да работат со напредна технологија за да ги истражат финтех услугите.

По инвестицијата „Alibaba“ држи удел од 4,84% од вкупните средства на „CICC“.

На берзата во Хонг Конг акциите на банката пораснаа за 2,55%, пред објавувањето на вестите, во услови на општ пад на индексот на пазарот за 0,42%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП