25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir France-KLM се бори со трошоците за гориво со подлабока интеграција

Air France-KLM се бори со трошоците за гориво со подлабока интеграција

Авиокомпанијата „Air France-KLM“ има намера да ја зајакне ефикасноста за да ги компензира повисоките трошоци за гориво во оваа година, додека француско-холандската авиокомпанија ја продлабочува соработката меѓу двата главни превозници, пренесува „Ројтерс“.

Претставувајќи ги резултатите на групата за 2018-та година, кон која се приклучи во септември, главниот извршен директор Бен Смит вети подобро координирани мрежи и флота, откако го совлада отпорот на „KLM“ да ја заврши интеграцијата со „Air France“ во зделка склучена вчера.

„Овие први достигнувања го поставуваат патот на нашата амбиција да ја вратиме водечката позиција во Европа и на глобално ниво“, вели Смит во соопштението на компанијата.

Нагласувајќи го предизвикот, „EBITDA“ опадна за 20 проценти на годишно ниво на 776 милиони евра поради повисоките сметки за гориво. Сепак, приходите се зголемија за 4,1% на 6,54 милијарди долари.

Засегнат од рестриктивните договори со француските синдикати и штрајковите, кои минатата година чинеа 335 милиони евра од профитот на компанијата и го принудија претходниот извршен директор да си замине, „Air France-KLM“ заостанува зад конкурентите „Lufthansa“ и „British Airways“ по профитабилност.

Смит сепак, кој е ветеран од „Air Canada“, го врати мирот меѓу вработените со зголемување на платите наспроти поголема флексибилност, со што се надева да ги користи подобро и поефикасно авионите и мрежите на групата.

Речиси 15 години по спојувањето, кога се создаде „Air France-KLM“, одлуките за мрежите, флотата и трговската стратегија ќе бидат донесени на ниво група, а не меѓу одделните превозници, покажуваат плановите, претставени вчера. Согласно одлуките раководителот на холандската единица Пиетер Елберс и неговиот колега во „Air France“ ќе станат заменици извршни директори на групата.

Финансиските резултати се во голема мера во согласност со очекувањата за „EBITDA“ од 786 милиони евра при приходи од 6,52 милијарди евра.

Трошоците за гориво се зголемиле за 451 милиони евра во 2018-та година на годишна основа и ќе се зголемат за уште 650 милиони евра во оваа година поради истечениот хеџинг, изјави главниот финансиски директор, Фредерик Гаги пред новинарите.

Патничкиот сообраќај се зголеми за 3,4 проценти на 24,46 милиони во последниот квартал, соопшти групата, а приходите на единиците се намалија за 0,6 проценти.

Нискобуџетна единица „Transavia“ сепак истакна силни резултати со 9 проценти годишна оперативна маргина за француските операции, додека се подготвува да го зголеми својот капацитет со околу 10% во 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП