26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманската модна компанија Tom Tailor оди во кинески раце

Германската модна компанија Tom Tailor оди во кинески раце

Модниот гигант од Хамбург, „Tom Tailor“ ќе добие кинески сопственик. Големиот кинески акционер „Fosun“ има намера да ја купи целата компанија за околу 96 милиони евра. На акционерите на „Tom Tailor“ им се нудат 2,26 евра по акција, објави компанијата.

На овој начин, понудата на „Fosun“ е речиси пет проценти повисока од цената на „Xetra“ која беше затворана во претходната вечер. Во понеделникот акциите на „Tom Tailor“ ја затворија сесијата со пад од 1,8 отсто или 2,16 евра.

Кратко пред објавувањето на понудата за откупување, „Tom Tailor“ веќе објави дека „Fosun“ го зголеми својот удел со издавање на нови акции од нешто помалку од 29% на нешто повеќе од 35%. За ова, Кинезите мораа да платат нешто под 9 милиони евра. Ако сите акционери ги понудат своите акции, „Fosun“ ќе мора да плати малку повеќе од 60 милиони евра.

Неодамна, „Tom Tailor“ се бореше со голем број проблеми, а пред сè поради брендот „Bonita“, кој е во зоната на загуба. „Fosun“ се приклучува кон „Tom Tailor“ во 2014-та година.

За многу акционери на „Tom Tailor“, понудата за откуп на „Фосун“ може да има горчлив вкус. Во текот на изминатите неколку месеци, акциите на германската компанија изгубија значителна вредност. Пред повеќе од една година, акциите на „Tom Tailor“ се тргуваа за нешто под 12,00 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП