29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDanone вети уште поголем раст на продажбата и профитот во 2019-та

Danone вети уште поголем раст на продажбата и профитот во 2019-та

Производителот на храна „Danone“ вети дека ќе го забрза растот на продажбата и профитот во оваа година благодарение на штедењето и наметнувањето на трендови за здрава исхрана, соопштува „Ројтерс“.

„Danone“ која купи американската група за органска храна „WhiteWave“ во 2017-та година, ги направи прогнозите по повисоката добивка за 2018-та година и посилната од очекуваната продажба за четвртиот квартал и покрај бојкотот од страна на корисниците во Мароко и послаба побарувачка за детски храни во Кина.

„Danone“, која е најголемиот производител на млеко во светот и која ја стабилизира продажбата на млечни производи во Европа, изјави дека цели раст на споредливата продажба од околу 3% во 2019-та година и оперативна маргина од над 15%.

Компанијата додаде дека ова значи исполнување на целите за 2020-та година.

„Во 2018-та година, застанавме цврсто и продолживме успешно да го претвораме „Danone“ за во иднина. Одиме добро кон тоа да ги постигнеме целите и ќе продолжиме да ја стимулираме позитивната промена кон повисок одржлив ефективен раст“, рече главниот финансиски директор Сесил Кабанис.

Купувањето во 2017-та година на „WhiteWave“ која произведува бадемово млеко и органски производи, е целта да се зајакнат профитните маржи на „Danone“ во предвид на генерално богатата клиентела на „WhiteWave“, додека во исто време „Danone“ ги намалува трошоците.

Компанијата цели на оперативната маргина од над 16% на продажбата и растот на споредливите продажби од 4-5% до 2020-та година.

Споредливите продажби во 2018-та година се зголемија за 2,9% до 24,651 милијарди евра, што е малку над растот од 2,5% во 2017-та година и малку над оценките на аналитичарите, намалени од страна на компанијата за 2,8%.

Оперативната маргина за 2018-та година е зголемена за 51 базичен поен, на 14,45% од продажбата.

Растот на продажбата само за четвртиот квартал се крена до 2,4% од 1,4% во третиот квартал, што е над оценките на аналитичарите за 1,5%.

Продажбата на производите „Early Life Nutrition“ на „Danone“ во Кина се намалени за 10% во кварталот поради побавниот раст на наталитетот и потешките услови во споредба од пред една година, но падот сепак е помал од 20 отсто од третиот квартал.

Кина е клучниот двигател за раст на „Danone“, која учествува со околу 30% од продажбата.

„Danone“ предупреди дека доцнењето во Кина ќе трае неколку квартали. Компанијата во вторникот потврди дека очекува нејзиниот бизнис „Early Life Nutrition“ во Кина да се врати на позитивен раст во втората половина од 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП