среда, 7 декември 2022
ПочетнаКОМПАНИИ„Хонда“ ја затвора фабриката во Британија

„Хонда“ ја затвора фабриката во Британија

Јапонскиот производител на автомобили „Хонда“ планира до 2022 година да ја затвори својата единствена фабрика во Британија и да укине 3500 работни места, пренесуваат британските медиуми. Со приближувањето на брегзит, ова за Обединетото Кралство е уште еден во низата удари за автомобилската индустрија.

Јапонската компанија минатата година во фабриката за автомобили „Свиндон“ произвела 160.000 возила „Хонда сивик“, од што речиси 90 отсто е извезено во ЕУ.

„Хонда“ утрово ги потврди нејзините планови, за кои британските медиуми пишуваа уште синоќа, по што член на парламентот Џастин Томлинсон изјавил дека разговарал со претставниците на „Хонда“, кои рекле дека за одлуката се консултираат со персоналот на компанијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП