26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера: Новиот Ford Focus ST со 280 ks (фото+видео)

Премиера: Новиот Ford Focus ST со 280 ks (фото+видео)

„Ford“ ги објави фотографиите и техничките детали за спортската, „ST“ верзија на новиот „Focus“ кој ќе биде достапен со бензински и дизел мотори.

Новиoт „Focus ST“ официјално е претставен денеска, откако минатата есен „шпионските“ фотографии на немаскиранит автомобил го открија изгледот на надворешноста на овој модел.

Со оглед дека дизајнот не беше тајна, најголем новитет е воведувањето на четирицилиндарскиот 2,3-литарски „EcoBoost“ турбо бензинец кој го замени претхдниот 2.0-литарски бензински агрегат.

Новата погонска единица произведува 280 ks при 5.500 o/min и развива 420 Nm максимален вртежен момент во опсег 3.000-4.000 o/min.

Како што пресметале во „Ford“, тоа е зголемување на моќта од 12%, а на вртежниот момент од 17%, во споредба со претходникот кој го придвижуваше дволитарскиот агрегат.

Производителот наведува дека новиот „Focus ST“ од 0 до 100 km/h забрзува за помалку од 6 секунди, непрецизирајќи го точното време.

За прв пат „Ford Focus ST“ е опремен до електронски диференцијал со ограничено пролизгување (eLSD) со кој се обезбедува подобро контрола и стабилност на автомобилот, а возачот може да избере еден од предефинираните режими на возење меѓу кои се и „спортски“ и „тркачки“.

За купувачите кои преферираат дизели, „Ford“ подготви и верзија со четирицилиндарски 2,0-литарски „EcoBlue“ турбо мотор.

Овој агрегат испорачува 190 ks при 3.500 o/min, додека максималниот вртежен момент изнесува 400 Nm и на располагање е на 2.000-3.000 o/min.

Двете погонски единици стандардно се поврзани со 6-брзински мануелен менувач или изборен 7-степен автоматик.

Автоматскиот менувач пристигнува со рачни менувачи за промена на „брзината“ на воланот.

Новиот „Focus ST“ ќе има деби пред публиката на саемот во Женева, а ќе биде достапен во хечбек верзија со 5 врати, како и во караван верзија.

Се очекува продажбата во Еврпа да започне во текот на летото, а цената на возилата засега не се објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП