22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија им се придружи на земјите со ограничување за хрватските работници

Шпанија им се придружи на земјите со ограничување за хрватските работници

shpanija4

Шпанската влада одлучи да ги воведе преодните ограничувања за хрватските работници по влезот на Хрватска во ЕУ на 1 јули, се вели во соопштението од шпанската амбасада во Загреб.

Таквата одлука е донесена поради високата стапка на невработеност во Шпанија, која изнесува 27 проценти од општата популација, односно 52 проценти од младите лица.

Шпанија е седмата земја на ЕУ која ги објави овие ограничувања за хрватските работници, веднаш по Германија, Холандија, Австрија, Велика Британија, Словенија и Белгија.

Досега десет земји потврдија дека нема да воведат ограничувања – Шведска, Романија, Унгарија, Ирска, Словачка, Чешка, Данска, Финска, Естонија и Латвија, а останатите сеуште не донеле конечна одлука.

Хрватска има право да воведе реципрочни мерки за оние членки кои ќе се решат на ваквата забрана. Истите правила важеа за сите нови членки кои во ЕУ се приклучија во 2004 и 2007 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП