26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемата грешка на Apple е што не го купи Netflix

Најголемата грешка на Apple е што не го купи Netflix

Најголемата грешка на „Apple“ под раководство на Тим Кук е дека не го купи „Netflix“, коментира Даниел Ајвс, управен директор на „Wedbush“, за „CNBC“.

Според него, „Apple“ моментално се соочува со најтешката ера за „iPhone“.

„Но ние сме позитивно настроени кон услугите на „Apple““, коментира тој. „Следните неколку квартали ќе се „тешка битка“, но ние предвидуваме пазарна капитализација од 1.000 милијарди долари за „Apple“ за 2019-та година“.

Во обид да влезе во нова фаза на раст, „Apple“ може да инвестира повеќе во своите услуги, дополнува Ајвс.

„Потребни им се содржини, како гориво за овој мотор. Тие немаат оригинални содржини и немаат видео содржини, еве зошто веруваме дека ќе купат големо филмско студио во 2019-та година“, рече тој за „CNBC“. Според него потенцијалните цели можат да се „Sony“, „Lionsgate“, „CBS“ или „Viacom“, како и „Netflix“, а тоа е клучот за промовирање на бизнисот со услуги.

„Според мое мислење најголемата стратешка грешка која „Apple“ ја направи откако Кук го презеде водството, е што не го купи „Netflix““, коментира експертот. „Тоа беше договорот, кој требаше да го склучат, кога станува збор за содржини“.

Се тврди дека „Apple“ планира да лансира сопствена стриминг услуга во април, кој ќе вклучува бесплатни оригинални содржини за сопствениците на нејзините уреди. Услугата најверојатно ќе вклучува содржини од „CBS“ и „Viacom“, како и од други студија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП