4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRBS ја зголеми својата дивиденда по двојното зголемување на профитот во 2018-та

RBS ја зголеми својата дивиденда по двојното зголемување на профитот во 2018-та

Британската банка „Royal Bank of Scotland“ објави подобра од очекуваната дивиденда за нејзините инвеститори, откако нејзиниот профит забележа раст повеќе од два пати во 2018-та година.

Таа сепак, предупреди дека поради „Brexit“ ќе и биде тешко да ги постигне своите цели за намалување на трошоците, објави „Ројтерс“.

Банката, од која поголемиот дел е во сопственост на државата, објави годишна дивиденда од 3,5 пени и посебна дивиденда од 7,5 пени, со што вкупните плаќања, вклучувајќи ја раната средна дивиденда изнесува 13 пени по акција.

Извршниот директор на „RBS“, Рос МекКен, предупреди дека банката се соочува со тешка економска средина поради „повисоките нивоа на неизвесност околу тековните разговори за „Brexit““.

Банката соопшти дека политичките превирања значат дека таа тешко ќе ја исполни својата цел да ги намали трошоците до сооднос према приходите од под 50%, како што е предвидено до 2020-та година.

„RBS“ објави нето профит од 1,6 милијарди фунти за годината. Бројката е над 1,4 милијарди фунти, според проценките на аналитичарите обезбедени од банката, а повеќе од двојно од 752 милиони фунти во претходната година.

Интензивната големина на дивидендата следи по „болната“ деценија од огромни трошоци за правни дејствија и за реструктуирање на банката по нејзиното спасување од државата за 45 милијарди фунти во 2008-ма година.

Инвеститорите се надеваат враќањето да се зголеми уште во наредните години, откако коефициентот на адекватност на капиталот на основниот капитал – клучен показател за стабилноста на банката, достигна 16,2%, давајќи и простор за маневри.

Сепак, раководителите на „RBS“ претходно предупредија дека загриженоста за потенцијалното влијание на „Brexit“ врз британската економија може да ги ограничи амбициите за побрзо зголемување на плаќањата.

Банката, исто така, предупреди дека економските предизвици би можеле да значат пораст на лошите заеми, вклучително и банкроти во големите бизниси.

Сепак отштетите од лошите заеми се намалиле за 19% до 398 милиони фунти во 2018-та година. Банката не одвои дополнителни средства во подготовка за „Brexit“ од износот од 100 милиони фунти, веќе подготвени во третиот квартал.

Втората година по ред профит на „RBS“ веројатно ќе ги зголеми шпекулациите дека Министерството за финансии ќе дејствува побрзо да ги продаде своите акции во банката.

Државата продолжува да поседува 62 отсто од банката, иако конзервативната влада има направено две продажби на акции, обидувајќи се да ја врати во приватни раце.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП