10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIkea создава платформа за продажба на производи и на конкуренти

Ikea создава платформа за продажба на производи и на конкуренти

„Ikea“ размислува да пушти онлајн-продажна платформа на која ќе го нуди не само сопствениот бренд на мебел, туку и на конкуренти во рамките на нејзината голема трансформација, објави „Фајненшал тајмс“.

Најголемиот трговец на мало на мебел во светот ги финализира деталите за првите тест продажби на сајт на трета страна, како кинеската „Alibaba“ или „Amazon“, вели Торнбјорн Луф, главен извршен директор на „Inter Ikea“. Според Луф, сепак, мора да има нешто во средината помеѓу сопствената веб-страница на „Ikea“ и сајтови како „Amazon“ кои продаваат речиси сè.

„Кои се можностите помеѓу доминантните, големи, глобални платформи и веб-страницата на компанијата? Мислам дека постојат илјадници можности. Како „Zalando“, која е платформа за мода и облека. Мислам дека ова е многу интересна област за истражување“, рече Луф.

„Zalando“ стана најголема онлајн модна платформа во Европа која продава облека од повеќе марки, од кои ниту една не е во сопственост на германската страна.

Луф истакна дека „Ikea“ се уште не преговара со конкурентите, но додаде дека би сакала да учествува во создавањето на платформа за продажба, која ја опфаќа целата индустрија.

„Мислам дека во следните пет до десет години ќе го видиме развојот на платформата“, рече Луф.

„Ikea“ ги прави едни од најголемите промени во историјата, така што тестира давање на мебел за изнајмување и продажба на други сајтови, како и продавници во центарите на градовите и монтажа во домот на своите клиенти.

Во одговор на прашањето дали планираните тест продажби на мебел на сајтот на трета страна ќе бидат со „Amazon“, Луф изјави: „Не мислам дека ќе е „Amazon““.

Главниот извршен директор на „Inter Ikea“, која го поседува брендот и концептот на трговецот на мебел, соопшти дека очекува платформите за онлајн продажба да започнат да функционираат во наредните години и сака неговата компанија да е дел од нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП