18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon се откажа да изгради централа во Њујорк

Amazon се откажа да изгради централа во Њујорк

Технолошкиот гигант „Amazon.com“ во четвртокот објави дека нема да продолжи со плановите за изградба на втора централа во Њујорк поради зголемување на опозицијата од локалните политичари, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата соопшти дека нема да рестартира процесот на барање „за момент. Ќе продолжиме, како што беше планирано, во Северна Вирџинија и Нешвил и ќе продолжиме да вработуваме луѓе и да растеме со нашите 17 корпоративни канцеларии и технолошки хабови во САД и Канада“.

Компанијата почна да ги разгледува алтернативите минатата недела. Онлајн трговецот на мало се уште нема купено земјиште за проектот што ќе ги олесни нејзините планови за запирање, коментира запознаен извор за „Ројтерс“.

„Amazon“ објави дека ќе создаде 25.000 работни места и ќе се изгради една од двете нови централи во регионот Лонг Ајленд Сити во квартот Квинс.

Предлогот се судрил со опозицијата од локалните политичари, кои се противат на стимулациите за 2,8 милијарди долари, ветени на „Amazon“ во зделката, тајно договорена од гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо и градоначалникот на градот Бил де Бласио.

Компанијата изјави дека за „Amazon“ решеноста да изгради нова централа бара позитивни односи на соработка со државните и локалните избрани официјални лица кои ќе дадат поддршка на долгорочен план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП