3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJ.P.Morgan е првата американска банка со сопствена криптовалута

J.P.Morgan е првата американска банка со сопствена криптовалута

Американската банка J.P.Morgan е прва во САД која ќе воведе сопствена криптовалута.

Оваа банка дневно прави трансакции во вредност од над  6.000 милијарди долари за корпорации ширум светот, во делот од нивниот огромен бизнис со платежни трансакции.

Во експериментот, кој треба да започне за неколку месеци, еден мал дел од овие операции ќе се врши преку нешто што се нарекува „JPM coin“, дигитален токен кој инженерите на оваа банка со седиште во Њујорк го направија за брзо извршување на плаќањата помеѓу клиентите, извести телевизиска мрежа CNBC .

JPMorgan се подготвува за иднината во која финансиските операции на прекуграничните плаќања и емисијата на корпоративни долгови, ќе бидат преместени во блокчејн. Тоа е технологија на бази на податоци која стана позната по својата прва апликација – Биткоин. Но, да се случи тоа во иднина, “J.P.Morgan” е потребно да најде начин за трансфер на пари со исто толку вртоглава брзина како што денес се склучуваат договори по електронски пат, наместо да се потпира на старата технологија, како што се т.н.. “жичани трансфери” (S.W.I.F.T).

Кога ќе биде завршено тестирањето во сферата на меѓународните плаќања, ова ќе биде една од првите апликации во реалниот свет за една криптовалута во банкарската индустрија.

Секој „JPM coin“ ќе се менува за еден американски долар, така што неговата вредност нема да варира, што е сличен концептот на т.н. стабилни монети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП