18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJ&J купува компанија за хируршки роботи со договор вреден 3,4 милијарди долари

J&J купува компанија за хируршки роботи со договор вреден 3,4 милијарди долари

Американскиот гигант „Johnson & Johnson“ ќе ја купи компанија за хируршки роботи „Auris Health“ за 3,4 милијарди долари во готово, објавија „CNBC“.

Купувањето и овозможува на „J&J“, која е еден од најголемите производители на здравствени производи во светот, да влезе во роботиката и да развие партнерство со „Verily“ на „Alphabet“.

„Во оваа нова ера на здравствените грижи целиме да ја поедноставиме хирургијата, да ја зајакнеме ефикасноста, да ги намалиме компликациите и да ги подобриме резултатите за пациентите, а на крајот да ја направиме хирургијата побезбедна“, вели Ешли МакЕвој, претседател на одделот за кориснички медицински уреди на компанијата, во соопштението за печатот.

„Заедно со овие технологии и со нашите медицински импланти и решенија, кои се лидери на пазарот, се создава основата на поширокиот дигитален екосистем, кој ќе им помага на хирурзите и на пациентите пред, за време и по операцијата“, додава таа.

Бизнисот на медицински помагала на „J&J“ е во застој. Здравствената компанија вети дека ќе ги подобри своите перформанси преку превземања и продажба.

Минатата година, компанијата го продаде производителот на производи за крвта на „LifeScan“ по појавата на пазарот на инсулинска пумпа.

Минатиот месец „Bloomberg“ соопшти дека „J&J“ сака да ја купи „Auris Health“, приватна компанија која развива роботска технологија. Во средата компанијата изјави дека создава „поврзан дигитален екосистем“, кој користи податоци и роботизирана технологија, за да го насочува хирургот во постапките и да го подобрува лекувањето на пациентите.

Главниот извршен директор на „J&J“, Алекс Горски соопшти при објавувањето на резултатите за четвртиот квартал минатиот месец дека инвеститорите ќе слушнат уште „вести за роботската платформа во 2020-та година, но и потоа“.

Трансакцијата се очекува да заврши до крајот на вториот квартал од 2019-та година.

Акциите на „Ј&Ј“ се зголемија по објавувањето на веста. Цената на акциите на компанијата скокна за речиси 4 отсто од почетокот на оваа година. Тие се зголемија за повеќе од 2% во последните 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП