26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Hilton ги надмина очекувањата поради поскапите соби

Профитот на Hilton ги надмина очекувањата поради поскапите соби

„Hilton Worldwide Holdings“ објави подобар од очекуваниот профит за четвртиот квартал од минатата година, бидејќи силниот раст на туризмот помогна на американскиот оператор на хотели да ги зголеми цените на собите покрај загриженоста за забавување на растот на светската економија, пренесува „Ројтерс“.

Акциите на сопственикот на хотелските синџири „Waldorf Astoria“ и „Conrad“ се зголемија за повеќе од 6% по објавувањето на резултатите.

Хотелиерската индустрија во САД „процвета“ благодарение на силната економија, која им овозможува на корпорациите да ги зголемуваат своите буџети за патувања, а тоа помогна резервирањето на собите во хотелите да достигне рекордно во ниво минатата година.

„Hilton“ ја намали прогнозата за раст на приходите од соба (RevPAR) за 2019-та година, кои се клучен индикатор за претставувањето во хотелската индустрија, до 1-3% во однос на прехтдното прогнозирање за зголемување со помеѓу 2% и 4%.

Според аналитичарите, ниските предвидувања на „Hilton“ се очекувани.

Стапката на резервација на собите на хотелскиот синџир во САД, која е нејзинит најголем пазар, е намалено за втор по ред квартал за 0,4 процентни поени до 72%, а сите меѓународни пазари, вклучувајќи ги Европа и Азија, забележале силен раст.

Компанијата објави дека вкупните приходи по соба се зголемиле за 2% во последниот квартал до 31-ви декември, главно поради зголемувањето на просечните дневни трошоци.

„Hilton“ заработи по 79 центи по акција во кварталот, што ги надминува очекувањата на аналитичарите за 69 центи, покажуваат податоците на „IBES“ од „Refinitiv“.

Приходите се зголемија за 10,6 отсто на 2,29 милијарди долари, надминувајќи ги очекувањата на „Wall Street“ за 2,27 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП