18 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗагриженоста за безбедноста не ја забави продажбата на Huawei

Загриженоста за безбедноста не ја забави продажбата на Huawei

Растечката глобална загриженост за безбедноста засега не пречеше врз продажбата на „Huawei Technologies“, иако тоа може да се промени, ако владиниот притисок, предводен од САД, ги принуди мобилните оператори да ги одложат своите инвестиции, тврди претставник на кинеската компанија, цитиран од „Bloomberg“.

Американските власти тврдат дека „Huawei“ носи потенцијални ризици за безбедноста, а државниот секретар Мајкл Помпео оваа недела ги повика сојузниците на САД да ја блокираат компанијата со седиште во Шенжен. Од „Huawei“ коментираат дека таа е приватна компанија која не прифаќа наредби од кинеската влада и не би го направила тоа, бидејќи со тоа ќе биде урнат нејзиниот глобален бизнис.

„Во овој момент не гледаме одложување на продажбата на мрежната опрема или на уредите на „Huawei““, коментира нејзиниот директор за сајбер безбедноста Јап Мејер. „Нека сме јасни, ако сегашната ситуација продолжи доста долго, во одреден момент, се разбира, тоа ќе влијае на нашиот бизнис“, додава тој.

Во средината на јануари основачот на „Huawei“ изјави дека е уверен дека приходите на компанијата ќе нараснат до 125 милијарди долари во 2019-та година од над 100 милијарди долари во минатата година.

„Huawei“ преговара со владите во Европа за стандардите за безбедност за новите технологии, иако во САД не може да се ангажира поради тоа. Помпео речиси постави ултиматум на европските земји да одлучат САД или „Huawei“, наредувајќи во Унгарија, дека договорите со гигантот може да го ограничи пристапот до американска опрема.

Тоа носи ризици за брзината со која ќе биде пуштена инфраструктурата за новата генерација мобилни мрежи каде „Huawei“ е главен снабдувач во светот. Идниот раст на компанијата во Полска е доведен во прашање откако нејзин вработен во земјата беше уапсен во јануари под сомнение за шпионажа заедно со поранешен агент на полските служби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП