21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолем инвеститор во Tesla го зголемува уделот

Голем инвеститор во Tesla го зголемува уделот

Компанијата „Baillie Gifford“, еден од водечките акционери во американската компанија „Tesla“ и втор по големина институционален инвеститор во компанијата, го зголеми својот удел во производителот од 7,64% до 7,71 отсто, пренесува „Techcrunch“, повикувајќи се на документи од пазарниот регулатор.

На прв поглед тоа не звучи како голема промена, но во четвртиот квартал „Baillie“ купи близу 109.000 акции на „Teslа“ во вредност 32 милиони долари, ако се базираат само на цената од петокот.

Компанијата „Baillie Investment Management Company“ со седиште во Велика Британија сега поседува 13,2 милиони акции на „Tesla“ како што е забележана кај регулаторот. Тоа значи дека Фондот располага со акции на „Tesla“ вредни повеќе од 4 милијарди долари, врз основа на последната цена на акциите од 304,26 долари.

На крајот на минатата година од „ Baillie Gifford“ изјавија дека ги поддржуваат долгорочните амбиции на извршниот директор на компанијата Илон Маск, опишувајќи го како претприемач со „визија и амбиција, кој работи за општото добро“.

Минатиот месец, „Tesla“ објави дека заработила 139 милиони долари во четвртиот квартал, вториот по ред квартален профит.

Компанијата успеа да забележи два последователни профитабилни периоди благодарение на продажбата на „Model 3“ и покрај неколкуте негативни последици во четвртиот квартал, вклучувајќи го надоместот од 54 милиони долари како резултат на неконтролираното учество, повисоки увозни давачки врз компоненти од Кина, намалување на цените за „Модел S“ и „Model X“ во Кина и воведување на пониска цена за „Model 3“.

„Baillie Gifford“ е најголемиот надворешен акционер на „Tesla“. Главниот извршен директор Илон Маск, кој е и најголемиот акционер во „Tesla“, поседува околу 20% од компанијата.

Се чини дека „Baillie“ повеќе се интересира за електричните возила. Во октомври, компанијата влезе во кинеската автомобилска компанија „Nio“, која неодамна стана јавно-тргувана компанија.

„Baillie Gifford“ веќе поседува 11,44% од акциите во „Nio“, како што објави регулаторот. Компанијата соопшти дека купила 85,3 милиони акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП