Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,778.34 0.9%    FERS 77,100.00 0.13%    KMB 5,203.86 0.07%    MPT 62,171.24 0.99%    OKTA 4,660.00 -2.92%    SKP 54,000.00 -17.8%    STB 1,012.59 0.06%    STIL 106.00 0%    

Следна генерација на Opel Corsa ги носи најдобрите технологии во малите автомобили

Време: 12:54

Датум: февруари 11, 2019

Категорија: АВТОБИЗ

  • Револуционерно: следниот мал автомобил на Opel ќе биде со IntelliLux LED® matrix светла
  • Адаптивно: Пионерската технологија за осветлување без отсјај како kaj Astra и Insignia
  • Пријател на околината: Шестата генерација на Corsa со електрична верзија со батерија
  • Достапни: Opel ја нуди најдобрата технологија за секого веќе од 1899 година

Риселсхајм. Opel годинава ќе ја претстави шестата генерација на Corsa. Започнувајќи со првиот модел во 1982 година, Corsa досега е продадена во повеќе од 13,5 милиони примероци. Следната генерација ќе донесе револуција во осветлување на мали автомобили: повеќекратно наградуваната IntelliLux LED® matrix технологија на осветлување. Новоразвиената Corsa ќе го прикаже прв пат адаптивниот систем за предни светла со флексибилно светло кое ги импресионираше експертите и клиентите од своето претставување на сегашната генерација на Opel Astra (Европски автомобил на годината за 2016). По нивното претставување во компактната класа, matrix фаровите (кои најчесто се наоѓаат само кај скапите премиум автомобили) ќе се појават за прв пат во многу популарниот пазарен Б сегмент – најголемиот во Европа. Уште една демонстрација на демократизацијата на технологијата од Opel – возбудлив, пристапен, германски бренд.

“Ние годинава прославуваме 120 години автомобилско производство и тоа се 120 години полни со иновации за сите”, изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер. “Отсекогаш сме правеле врвни технологии достапни за сите. Тоа е нашата мисија и мотивација и се однесува особено на модел кој е популарен како Opel Corsa. Затоа ќе ја опремиме следната генерација на нашиот бестселер со најдобрата технологија на осветлување – IntelliLux LED® matrix фарови”.

Клиентите и експертите веќе се ентузијасти за технологијата на IntelliLux LED® matrix осветлувањетo што ја има во предводниците на моделите на Opel, Insignia и компактните автомобили, Astra. Во Европа, 20 проценти од возачите на Astra и 60 проценти од корисниците на Insignia го нарачаа овој иновативен систем. Околу 90.000 нови автомобили на Opel се опремени со matrix технологија што влегуваат на европскиот пазар годишно. Matrix предните светла автоматски и постојано се прилагодуваат на сообраќајната ситуација и околината. При приближување до други возила или до оние што се пред вас, едноставно се “отсечени” од осветлената област. Блесокот е минимизиран и возачите имаат оптимална видливост – како што наскоро ќе биде случај со новата генерација на Opel Corsa.

Електрификација: Новата Opel Corsa ќе биде вистински електричен автомобил

Opel ќе ги отвори нарачките за два нови електрифицирани модели во првата половина од 2019 година – за електричната верзија со батерија на следната Corsa, како и за Grandland X SUV како plug-in хибридно електрично возило. “Opel е електричен!”, изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер. “Тоа го објавивме на презентацијата на нашиот PACE! стратешки план во ноември 2017 година, а сега ние го исполнуваме”.

Особено Corsa ќе му даде дополнителен импулс на Opel оваа година. Бестселер, чија прва генерација ја направи својата светска премиера пред 37 години, ќе биде достапна за прв пат со чисто електрична варијанта. Лохшелер ветува дека цените ќе бидат конкурентни: “Со новата Corsa ќе ја направиме електричната мобилност достапна за многу клиенти – тоа ќе биде вистински електричен автомобил за луѓето”.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Гладни за секоја кривина: Претставени новиот Porsche 718 Spyder и 718 GT4

    Гладни за секоја кривина: Претставени новиот Porsche 718 Spyder и 718 GT4

    Семејството 718 ги поздравува новите членови: со новиот 718 Spyder и 718 Cayman GT4, Porsche воведува два посебно емотивни и моќни модели подготвени да го…

  • Huawei планира до 2022 година да претстави автомобил кој самостојно ќе вози со помош на вештачка интелегенција

    Huawei планира до 2022 година да претстави автомобил кој самостојно ќе вози со помош на вештачка интелегенција

    Huawei има намера најдоцна во 2022 година да претстави автомобил кој самостојно ќе вози со помош на вештачка интелегенција. Компанијата Huawei работи со европски, јапонски и…

  • Tesla има спремен дизајн за авто-подморница

    Tesla има спремен дизајн за авто-подморница

    На годишниот состанок на акционерите на компанијата Tesla, кој бил одржан вчера, Илон Маск одговарал на прашања. Меѓу стандардните прашања за новите модели (прототип на…

  • Новиот T-Cross доби пет ѕвезди во Euro NCAP тестовите(фото)

    Новиот T-Cross доби пет ѕвезди во Euro NCAP тестовите(фото)

    Не може да биде подобар. Најновиот член на семејството Volkswagen сега се закити со пет ѕвезди. Новиот T-Cross извонредно се покажа во реномираниот тест за…

  • Како брзо да го разладите автомобилот во текот на голема топлина

    Како брзо да го разладите автомобилот во текот на голема топлина

    Седењето во пеколно топол автомобил не само што е многу непријатно, туку може да биде опасно за здравјето. Без разлика дали имате клима уред или…

  • БМВ се спојува со Јагуар ланд ровер

    БМВ се спојува со Јагуар ланд ровер

    Германската компанија БМВ се спојува со најголемиот произведувач на автомобили во Велика Британија, Јагуар ланд ровер (ЈЛР), пишува лондонски „Гардијан“. Гигантите се одлучија да го…

  • Рено ги одложи разговорите за соединување со Фиат Крајслер

    Рено ги одложи разговорите за соединување со Фиат Крајслер

    Француската автомобилска компанија „Рено“ денеска ги одложи разговорите за соединување со италијанско – американската компанија „Фиат Крајслер“ (ФЦА), иако Управниот одбор на „Рено“ вчера, по…

  • Новиот Rolls Royce во чест на првиот прекуокеански лет

    Новиот Rolls Royce во чест на првиот прекуокеански лет

    Rolls Royce неодамна го претстави новиот модел Rolly Royce Wraith Eagle VIII, во чест на првиот непрекинат прекуокеански лет и хероите кои имале доволна одлучност и…

  • FT: Nissan ќе биде воздржан на гласањето за спојување со Fiat

    FT: Nissan ќе биде воздржан на гласањето за спојување со Fiat

    Двајцa претставници на Nissan во одборот на директори на Renault групата ќе бидат воздржани за време на гласањето по предлогот за спојување на францускиот производител и…

  • Преполовено производството на автомобили во Британија

    Преполовено производството на автомобили во Британија

    Производството на автомобили во Велика Британија во април било речиси преполовено, бидејќи фабриките се обидувале да се справат со неизвесните последици од Брегзит. Иако Европската…