Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Празни продавници и валкани ходници. Најголем дел од старите трговски центри изгледаат како сцени од хорор филм.
Одамна помина „златното време“ на Олимпико, Алуминка, Скопјанка и ред други. City Mall, Ramstore, Vero, Captiol им пресудија на овие објекти кои го имаа своето „златно време“ во 90-те.
„Ова е нормален процес. Новите објекти нудат подобри услови, купувачите го препознаваат тоа“ објаснува консултантот за недвижности Борис Филиповски. „Ние очекуваме овој процес да продолжи и да се засили особено со отворањето на нови модерни молови од затворен тип“ вели тој.
Дел од старите трговски центри, како Буњаковец, Бисер, Лептокарија и Беверли Хилс, се уште успеваат да се изборат на пазарот иако и тие полека ја губат битката. Сепак, нивната структура полека се менува – има се помалку бутици, а се повеќе адвокатски канцеларии, фризери, бербери.
„Тие се уште функционираат релативно добро благодарение на добрата локација. И толку. Во суштина не нудат ништо различно“ вели Филиповски. „Главниот проблем е големиот број сопственици кои тешко се организираат особено за одржување на заедничкиот простор. Најголем дел од нив веќе се постари од две децении и им треба реновирање но никој не се нафаќа да инвестира. Очекувам уште повеќе да почне да ги гази времето“, додава тој.
Од друга страна новите трговски центри со современи стандарди како City Mall, Capitol, Ramstore, Vero работат и повеќе од добро.
„Овие центри се сосема друга приказна – организирани за да понудат се што им треба на потрошувачите на едно место… Дополнително кај нив се застапени и светски брендови што ги нема на друго место“ смета Филиповски.
Закупнините на малопродажниот простор во главниот град бележат намалување изминативе неколку години, иако премиум локациите се уште држат цена. Метар квадратен на премиум локација во трговските центри чини и над 40 евра, во центрите во населбите достигнува 12 евра, додека на главните пешачки зони изнесува 30-на евра.
И покрај големиот број на трговски центри во Скопје, познавачите велат дека постојат услови нивниот број и натаму да расте. Во моментов се градат трговскиот центар Лимак веднаш зад старата железничка станица, трговскиот во склоп на комплексот Џевахир во Аеродром како и Емпорио Мол во Ѓорче Петров, а наскоро треба да почнат градежните активности и на Скопје Ист Гејт на просторот на Скопскиот саем кој треба да прерасне во најголем мол во Македонија.
К. Н.
Од вчера попладне исчезнат е 35 годишниот Горан Атанасовски од Скопје. Последни информации кои ги има семејството е дека е виден вчера помеѓу 14:00 и…
Рејтинг агенцијата „Fitch“ ја заплаши Британија со пад на нејзиниот кредитен рејтинг во случајот на „hard Brexit“. Излезот од ЕУ без договор може сериозно да…
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари работна средба со претставници на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО). Како што информираат од надлежното министерство, во рамките…
Повисоки плати, поголема заштита за инспекторите со законот за инспекциски надзор, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. „Очекуваме позитивно да влијае врз…
Паладиумот се искачи на ниво над 1.500 долари за унца, достигнувајќи рекордни вредности поради недоволните резерви, соопштува „Bloomberg“. Ова се случува во услови на обидите…
Австрија е заинтересирана за сигурно снабдување со енергија и ќе продолжи со промовирање на рускиот проектот за гасоводот „Северен тек 2“ и покрај негативниот став…
Русија мора да создаде сопствени самостојни делови од интернетот во случај Западот да го блокира пристапот до глобалната мрежа, рече рускиот претседател Владимир Путин, а…
Институтот за развој на електронските комуникации ИНРЕКОМ Скопје изврши компарација и даде краток осврт врз можните идни промени во однос на понудата и цената на…
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи…
Белите ливчиња на кои до вчера грчките гранични полицајци ни ставаа печати за влез во нивната земја,од синоќа на полноќ заминаа во историја. Официјално од…