24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗаклучете ги лозинките со отисок од прстот

Заклучете ги лозинките со отисок од прстот

myIDkey

Бројните лозинки кои ги користиме секојдневно може да ни претставуваат голем проблем, особено ако некои од нив мораат често да се менуваат.

Просечен корисник користи помеѓу 10 и 15 лозинки секој ден, па поради тоа се бараат алтернативни решенија за овој проблем.

Решение за тоа е „MyIdKey“, „USB“ стик кој не само што служи како преносна меморија, туку ги чува и лозинките и ги штити од неовластено користење.

Принципот за употреба е едноставен. Сите лозинки кои ви требаат се запишуваат во програмата на „MyIdKey“ и се внесуваат во „MyIdKey“ – „USB“ стикот.

За пристап до лозинките и документите кои се сочувани на стикот потребен е отисок од прст, а доколку сакате дополнителна заштита можете да вклучите и „чукање“ на одреден такт.

Доколку некој се обиде неовластено да дојде до податоците, сите приватни податоци од „MyIdKey“ се бришат сами.

„MyIdKey“ започна како проект на „Kikstarter“, а во меѓувреме освои бројни награди на меѓународните инфроматички саеми.

Овој уред е достапен да се нарача преку интернет за 139.99 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП