7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордното производство даде нов бран во профитот на Total

Рекордното производство даде нов бран во профитот на Total

Францускиот енергетски гигант „Total“ објави зголемување на прилагодената добивка од 10% во последниот квартал од 2018-та година на годишна основа. Со ова, профитот за целата година се зголемува за повеќе од една третина.

Според податоците, производството достигна рекордно ниво од 2,8 милиони барели нафта еквивалент на ден во 2018-та година, објави „Ројтерс“. Главната причина е почетокот на новите операции и зголемување на производството во Австралија, Ангола, Нигерија и Русија.

Ова, од своја страна, претставува зголемување од 28% во добивката за годината за да достигне 13,6 милијарди долари.

„Овие одлични резултати го одразуваат силниот раст од над 8% од индустријата за јаглеводород на групата“, изјави извршниот директор на Патрик Пујан.

Од „Total“, исто така, рекоа дека резултатите ќе и дозволат на компанијата да ја зголеми својата дивиденда, која во 2018-та година се зголеми за 3,2% и се очекува да се зголеми за уште 3,1% во 2019-та година.

Компанијата, исто така, планира да откупи акциите во вредност од 1,5 милијарди долари во 2019-та година, откако ја купи истата вредност во минатата година.

„Total“ има намера да ја прекине шемата за дивиденда на акции во јуни 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП