5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Европа минатата година забележан рекорден број на заразени од мали сипаници

Во Европа минатата година забележан рекорден број на заразени од мали сипаници

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека во Европа минатата година е забележан рекорден број на случаи на мали сипаници, a делумно се должи на зголемување на делови од земји, таканаречени “џебови”, каде што родителите одбиваат да ги вакцинираат своите деца.

Во исто време, додава СЗО, забележан е рекорден број на деца кои примиле вакцина, што дава надеж дека овој пораст на инфекција нема да трае долго, пренесува Ројтерс.

Во Европа има речиси 900 милиони луѓе, а во текот на 2018 годин 82.600 луѓе во 47 земји се заразиле со мали сипаници, што е најголем број на случаи во последните 10 години, од кои 72 случаи биле фатални.

Во 34 земји, се проценува дека покриеноста со втората доза на вакцини е под 95 проценти.

Областите со низок број на вакцинирани, таканаречени “џебови”, на локално ниво се уште се “отворена врата” за вирусот на мали сипаници, се вели во соопштението на директорот на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Сузана Јакаб.

Малите сипаници се високо заразна вирусна болест која може да предизвика губење на слухот и оштетување на мозокот кај децата, а во потешки форми на болеста може да доведе до смрт.

Покриеноста со вакцинирани треба да биде околу 95 проценти, со цел да се спречи ширењето на вирусот во заедниците и да достигне т.н. “колективен имунитет”, се наведува во соопштението на СЗО.

Во многу земји има движења кои се борат против вакцината и се обидуваат да ги одвратат родителите од имунизацијата на децата, и покрај силните научни докази дека вакцините се безбедни и ефикасни.

Во Италија, владеењето на антисистемското движење “Пет ѕвезди” ја доведе во прашање безбедноста на некои вакцини и гласно ги осуди напорите за да се воведе задолжителна вакцинација.

Во извештајот, кој минатата година Европската комисија ги објави покажа дека имунизацијата против мали сипаници опадна во 12 земји на ЕУ од 2010 година, и дека од 10 земји со најниско ниво на доверба во вакцината во светот, седум се од Европа, објави Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП