27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSuper Veyron - реалност или само гласина

Super Veyron – реалност или само гласина

bugatti-veyron-super-sport(1)

Фантастичниот француски суперавтомобил „Bugatti Veyron“ на пазарот се појави во 2005-та година, а како што стојат работите во наредните неколку години ќе добие свој наследник.

Знаеме дека уникатниот „Ricardo“ седумстепен пренос на компанијата ќе биде достапен до крајот на 2014-та година, што значи дека не очекува уште една година производство на овој модел.

Она што е речиси сигурно пред заминувањето на „Veyron“ во историјата, „Bugatti“ ќе претстави специјална и значително помоќна верзија на овој модел.

Според актуелните информации во игра е мотор со 1600 KS кој за околу 230 килограми ќе биде полесен од „Veyron Super Sport“. До „стотка“ би требало да забрзува за само 1.9 секунди со максимална брзина од 463 km/h.

Но според неименувани извори од „Bugatti“, компанијата има неколку опции пред себе. Доколку сите модели од регуларниот „Veyron“ бидат распродадени, едноставно нема да има потреба од специјален модел.

Доколку т.н. „Ѕuper Veyron“ се најде во производство цената ќе му биде значително поголема од регуларниот модел. Сепак има многу купувачи кои се подготвени за ретки и моќни автомобили да потрошат многу пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП