25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit ја завршува годината во добро расположение

UniCredit ја завршува годината во добро расположение

Најголемата италијанска банка „UniCredit“ заврши годината позитивно, остварувајќи подобра од очекуваната нето добивка за четвртиот квартал, без да се земе во предвид еднократниот даночен поттик од 887 милиони евра.

Финансиската институција објави дека профитот за последните три месеци од минатата година изнесувал 1,73 милијарди евра, објави „Ројтерс“.

Без позитивните даночни ефекти од усвојувањето на новите сметководствени правила во Италија оваа година кварталната добивка изнесуваше 840 милиони евра, што е далеку над просечната прогноза на аналитичарите од 693 милиони евра.

Во претходниот квартал, банката регистрираше отпис од 846 милиони евра за индиректно учество од 41% во турската банка „Yapi Kredi“. Мерката поврзана со спорот со САД поради наводното кршење на иранските санкции, влијаеше на резултати за оваа година, но оперативната добивка се зголеми за 13 отсто на годишно ниво во 2018-та година, што е најдобар резултат за една деценија.

Банката наведува дека индексот за враќање на капиталот без нематеријалните средства (Core RoTE) достигнува 10,1%, покажувајќи доброто претставување на групата покрај макроекономските промени, посочуваат од прес-службата на „UniCredit“.

Извештајот, исто така, покажува дека „UniCredit“ продолжува да се држи до својата нето профитна цел од 4,7 милијарди евра во 2019-та година.

Финансиската институција, исто така, ја реафирмира својата цел за 2019-та година дека основната на „Core RoTE“ поврат на капиталот е над 10%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП