26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕУ забрани спојување на компаниите „Алстом“ и „Сименс“

ЕУ забрани спојување на компаниите „Алстом“ и „Сименс“

Европската Унија го одби спојувањето на француската компанија „Алстом“ и германскиот „Сименс“ во сегментот на железничката индустрија, соопшти францускиот министер за финансии, Бруно ле Мер. Тој за телевизијата France 2 рече дека одлуката е погрешна од економска гледна точка.

Се очекува дека ветото за спојување на компаниите да биде официјално објавено од страна на надлежниот комесар на ЕУ за конкурентност.

Европската комисија од 1989 година има право на вето на плановите за спојувања на големи фирми, но често не го користела. Таа на пример одобри спојување на цементарниците „Лафарж“ и „Холцим“, потоа спојувањето на Ер Франс и КЛМ, како и формирањето на европскиот аеронаутички гигант ЕАДС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП