Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,996.29 0.96%    BESK 8,169.00 -8.12%    GRNT 901.50 0.26%    KMB 5,400.00 0.11%    KOIN 1,000.00 0%    MPT 62,600.79 0.55%    MTUR 5,301.00 0.02%    RMDEN18 98.90 0.1%    SBT 2,335.67 -1.31%    STB 1,192.55 2.11%    STIL 103.00 0.54%    TEL 295.00 0%    TNB 16,785.00 1.25%    TTK 1,482.46 2.24%    

Берлин се подготвува за Петрунија

Време: 14:08

Датум: февруари 6, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Закажани вкупно 8 проекции на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“; картите веќе распродадени

Големото отворање на еден од најголемите јавни филмски фестивали во светот Берлинале е утре, а Берлин веќе недели наназад е во знакот на филмот, културата и традицијата на овој фестивал.

Фестивалот секоја година привлекува над 350.000 посетители од целиот свет и 4.500 акредитирани новинари, а за филмската индустрија и медиумите, овие 11 денови во февруари се воедно и едни од најважните настани во годишниот календар.

На Булеварот на ѕвездите “Allee der Sterne” од минатата недела веќе се поставени и огласни табли со официјалниот постер на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, а првата премиера ќе биде прикажана на 10 февруари од 16 часот пред повеќе од 1800 посетители меѓународна публика.

8 фестивалски проекции

Во текот на 11-те фестивалски денови, филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ доби вкупно 8 проекции, а билетите се веќе распродадени.

Првите се закажани уште пред официјалната премиера на 7-ми и 9-ти февруари, кои се ексклузивни затворени проекции организирани од страна на францускиот агент за продажба „Пирамид“ за заинтересираните купувачи, додека на денот на премиерата, 10-ти февруари, филмот прво ексклузивно ќе биде прикажан пред новинарите, по што ќе следи и официјалната прес-конференција со екипата на македонскиот претставник за Златната мечка.

Истиот ден, во 16 часот следи првата светска премиера во главната сала на Berlinale Palast, а пак следниот ден, на 11.02 се закажани две прикажувања, од 9:30 и од 18:15 часот, во огромната, фантастична сала Friedrichstadt-Palast, која има капацитет од 1900 седишта.

На 12.02, нашиот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе биде прикажан и во локалното кино “b-ware! Ladenkino”, во рамки на специјалните прикажувања “Berlinale Goes Kiez” кои имаат за цел да го доближат Берлинале до локалните уметнички кино сали во Берлин. На овој начин, Фестивалот им оддава почит на кино салите кои ја поддржуваат кино културата во текот на целата година. Во исто време, преку овие специјални прикажувања на публиката ѝ се дава можност да ја проследат селекцијата на Берлинале во нивната локална населба, но и да разменат мислења и коментари со авторите на филмот (Kiez на германски значи „населба“, „маало“).

Едно дополнително прикажување е закажано и на денот на затворање на фестивалот, на 17-ти февруари во “Haus der Berliner Festspiele”.

Повеќе за проекциите може да се погледне на следниот линк.

Мастер клас со Лабина и Теона Митевски

На 12-ти февруари со почеток од 14 часот, во HAU2 театарот, кој се смета за центар на светот на Талентите, сестрите Лабина и Теона Митевски ќе одржат и свој „Мастер клас“ во рамки на програмата “Berlinale Talents”.

Публиката ќе биде сочинета од вкупно 200 „таленти“ во филмската индустрија и останати филмски работници кои го следат Берлинале, а мастер класот ќе биде модериран од страна на прекрасниот филмски куратор Џамила Грандитс кој се приклучува од Виена специјално за овој настан.

Во однос на темата, мастер класот има за цел да фрли светлина на начините на кои нашата Теона Стругар Митевска ги развива своите филмови, а со оглед на тоа што публиката е сочинета од врвни професионалци, со публиката ќе се разговара и за многу специфични детали околу снимањето, мотивот и личната инспирација за филмот, но исто така ќе се презентираат и практични примери од најдобрите или најлошите случаи со кои се соочиле авторите, актерите и продуцентите во текот на својата работа.

Дополнително, на мастер класот ќе се дискутира и околу личните ставови на режисерката и продуцентката и нивните генерални мислења околу тоа како тие го третираат филмот: како алатка, или можеби оружје кое поттикнува социјални и политички предизвици и какви прашања би можеле да произлезат од тоа на едно многу повисоко ниво.

Среќно на Берлинале!

Нашата екипа заминува на Берлинале утре, а покрај режисерката Теона Стругар Митевска и продуцентката Лабина Митевска, на патот кон освојување на Златната мечка ќе оди и голем дел од екипата која работеше на филмот, како и дел од актерската екипа сочинета од Зорица Нушева, Симеон Мони Дамевски, Суад Беговски, Стефан Вујисиќ, Виолета Шапковска, Џевдет Јашари и Бајруш Мјаку.

На денот на премиерата, нашата екипа приредува и специјална македонска вечер на која ексклузивни гости ќе биде македонскиот бенд „Фолтин“.

До тогаш, да им посакаме голем успех, македонската публика ги стега палците за нив!

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • По 20 години од првиот филм најавено четврто продолжение на „Матрикс“

    По 20 години од првиот филм најавено четврто продолжение на „Матрикс“

    Официјално е најавено четврто продолжение од култната научно-фантастична трилогија „Матрикс“ во кое ќе биде вклучен најголем дел од тимот кој работеше и на претходните три…

  • Почнува 14. Меѓународна ликовна колонија „Скопје”

    Почнува 14. Меѓународна ликовна колонија „Скопје”

    Во организација на Музеј на Град Скопје, под финансиско покровителство на Град Скопје, денеска во главниот град ќе започне 14-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје”. На…

  • Струшките вечери на поезијата стануваат четиријазични

    Струшките вечери на поезијата стануваат четиријазични

    Струга, задутре, 21 август, 58. пат, ќе стане сцена на една од најголемите и најпрочуени културни манифестации во земјата, но и пошироко – поетскиот фестивал…

  • Изложба за Влатко Стефановски и филм за Кит Ричардс за отворањето на петтото издание на „Скопје синема сити“

    Изложба за Влатко Стефановски и филм за Кит Ричардс за отворањето на петтото издание на „Скопје синема сити“

    Во периодот од 2 до 7 септември во Музејот на Град Скопје и Кинотека на Северна Македонија ќе се биде одржано 5. издание на Филмскиот…

  • Во Битола и Скопје се снима првиот македонски филм на турски јазик „Најтешкото нешто“

    Во Битола и Скопје се снима првиот македонски филм на турски јазик „Најтешкото нешто“

    Деновиве на локации во Битола и Скопје се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“, во режија…

  • Десетта награда за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ – победник на филмскиот фестивал во Херцег Нови

    Десетта награда за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ – победник на филмскиот фестивал во Херцег Нови

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја доби главната наградата „Златна мимоза“ за најдобар филм на филмскиот фестивал во Херцег Нови во Црна Гора. Петтчленото…

  • Започна снимањето на телевизиската серија „Зоки Поки“

    Започна снимањето на телевизиската серија „Зоки Поки“

    Викендов во основното училиште „Петар Поп-Арсов“ во скопски Карпош започна снимањето на новата телевизиска серија „Зоки Поки“, модерна екранизација на култното дело  на писателката Оливера…

  • Познати дел од поканетите учесници на симпозиумот во чест на Анте Поповски

    Познати дел од поканетите учесници на симпозиумот во чест на Анте Поповски

    На научниот Симпозиум што во чест на великанот на македонскиот пишан збор Анте Поповски под наслов „Антево дело“, ќе се одржи во хотелот „Калин“ во…

  • Врвно естетско доживување со звучните оперски имиња Мула, Ахмети и Цуцковски

    Врвно естетско доживување со звучните оперски имиња Мула, Ахмети и Цуцковски

    Врвен изведувачки артизам на солисти, префинети вокалитети, креативен сензибилитет донесе синоќешниот концерт на „Охридско лето“ на светски познатата оперска певица Инва Мула, сопранот Дешира Ахмети…

  • Македонскиот филм „Петрунија“ се закити со уште една награда на меѓународен фестивал

    Македонскиот филм „Петрунија“ се закити со уште една награда на меѓународен фестивал

    На штотуку завршениот Мотовун Филмски Фестивал во Хрватска, Петрунија ја доби наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ. Во Мотовун Филмскиот фестивал 20 одлични филма се натпреваруваа за…