21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook го направи своето прво стекнување во крипто-сферата

Facebook го направи своето прво стекнување во крипто-сферата

Најголемата друштвена мрежа во светот, „Facebook“ го направи своето прво стекнување во крипто-сферата. Таа ја купи „Chainspace“, компанија основана од истражувачите од „University College London“, пишува „The Information“.

Аквизицијата ќе ги зајакне напорите на „Facebook“ за развој на сопствена крипто-платформа за своите платформи. Се вели дека социјалната мрежа создава криптовалута која ќе биде пуштена прво преку „WhatsApp“ во Индија.

Според веб-страницата на „Chainspace“, компанијата развива блокчејн, па да може да расте, што ќе биде клучно за „Facebook“, ако ја пушти криптовалутата на милијардите корисници.

Предизвиците поврзани со проширувањето, достигна преку постоечките блокчејни во лицето на биткоинот и етериумот кои се судрија со високи такси за трансакции и со бавната обработка додека привлекуваа повеќе корисници.

Како одговор на сето ова, се создадени голем број блокчејн компании за да се направат криптовалути што може да се справат со повеќе трансакции. Повеќето од нив се родени благодарение на претставници на академските средини.

Според „Cheddar“, „Facebook“ исто така има разговарано за купување на „Algorand“, стартап, основан од професор на „MIT“, но на крајот преговорите пропаднаа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП