Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,100.00 -0.19%    GRNT 917.56 -0.21%    KMB 5,421.26 -0.95%    MPT 63,471.43 0.48%    MTUR 5,250.00 -3.67%    RMDEN17 98.30 1.34%    STB 1,043.41 -1.58%    TEL 303.00 -2.26%    TNB 17,200.00 0.53%    

Компаниите може да придонесат за подобра животна средина – ПроКредит Банка со инцијатива за подигнување на свесноста за електромобилност

Време: 09:50

Датум: февруари 5, 2019

Категорија: БАНКИ

Со цел подигнување на свесноста за заштита на животната средина во која живееме и придонес кон намалувањето на загадувањето во Скопје, ПроКредит Банка иницираше настан за зголемување на електромобилноста – Ден без возила на фосилни горива”. На едно место, на паркингот од СЦ Борис Трајковски, беа презентирани искуствата и практиките на голем број македонски компании кои веќе располагаат со електрични возила како ПроКредит Банка, ЕВН, МЕПСО, Македонски Телеком и понудите на електрични/хибридни возила директно од овластените застапници во Македонија како Порше и Тојота. Истовремено граѓаните имаа можност и за тест возење на електричните автомобили на ПроКредит Банка.

Позитивно е да се види дека интересот кај граѓаните за електрични и хибридни возила расте и дека постои простор за развој на една нова навика – возење автомобили кои не испуштаат штетни гасови и ПМ честички во воздухот. Споредено со конвенционално возило на дизел кое го загадува воздухот со 12кг CO2 на 100 км, електричните возила не го загадуваат воздухот со штетни гасови.

Како дел од овој настанот беше организирана и панел дискусија на тема „Како до зголемување на електромобилноста” каде свое излагање имаа повеќе засегнати страни како Емилија Спировска, член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка, Јани Макрадули, заменик Минитер за животна средина, Стефан Богоев, градоначалник на општина Карпош; Александар Цветковски од Порше Македонија, Оливер Велковски од Електромобилност Македонија, Стојан Малчески од МЕПСО и Илија Ќироски од ЕВН Македонија.

“Како општествено одговорна компанија, групациски насочена кон намалување на негативното влијание врз животната средина ПроКредит Банка континуирано се залага за еко иницијативи кои придонесуваат кон почисто окружување. 20% од аерозагадувањето во Скопје е предизвикано од возила на фосилни горива и веруваме дека со зголема употреба на електрични и хибридни возила може да постигнеме подобар квалитет на воздухот во нашиот град. Со поголем број на иницијативи на граѓаните и компаниите, како и силна поддршка од страна на државните институции ќе може да се постигнат значителни резултати на ова поле. Се надеваме дека голем дел од компаниите ќе го следат и нашиот пример. ПроКредит Банка располага со 10 електрични и 2 хибридни возила, што претставува 70% од нашиот вкупен возен парк и имаме одлично искуство со користење на истите. Возилата ги полниме со електрична енергија произведена од фотонапонска централа инсталирана во нашата Централна Управа што ни овозможува нашиот електричен и хибриден возен парк да биде CO2 неутрален со 0% загадување на воздухот.” – изјави Емилија Спировска, член на Управен Одбор на ПроКредит Банка.

Покрај иницијативата на ПроКредит Банка за покренување на свесноста за електромобилноста, свое залагање на панел дискусијата имаа и Јани Макрадули, заменик Министер за животна средина кој изјави дека државата ја поддржува иницијативата и верува дека 2019 е клучна за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје. Државата има утрдено стратешки приоритети за борба против аеро-загадувањето и очекува дека со субвенциите за купување електрични/ хибридни автомобили, иницијативата за замената на начинот на греење во голем број компании и останати мерки ќе се влијае за подобра животна средина. Дополнително поддршка даде и градоначалникот на општина Карпош кој со цел подобрување на воздухот во општината најави голем број мерки како дел од 5 годишниот еколошки, акциски план и тоа: поттикнување на свеста за возење на електрични велосипеди, скутери и тротинети и во соработка со останати државни институции обезбедување инфраструктура за истото.

Иницијативата за зголемување на електромобилноста не само што придонесува намалување на загадувањето на воздухот туку директно влијае и на намалувње на бучавата во околината, намалување на ризикот од разновидни болести како астма, хроничен бронхит и инфекции на респираторниот тракт и намалување на месечните трошоци за превоз.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • НЛБ Банка со кампања „Think Green“ за заштита на животната средина

    НЛБ Банка со кампања „Think Green“ за заштита на животната средина

    НЛБ Банка со цел да ја подигне свеста за заштитата на природата и да ги истакне придобивките од здрава животна средина, организира „NLB Think Green“…

  • 5% поврат на средства со Американ Експрес во Веро и Џамбо маркети

    5% поврат на средства со Американ Експрес во Веро и Џамбо маркети

    Полека, но сигурно се доближуваме до најубавите пролетни празници – Велигден и Први мај. Празници исполнети со љубов и топлина за најблиските, но и многу…

  • НЛБ Банка ги намали каматните стапки на кредитите за правни лица

    НЛБ Банка ги намали каматните стапки на кредитите за правни лица

    Почнувајќи од 08.04.2019 година, НЛБ Банка воведе нови кредитни продукти за правни лица со намалени каматни стапки и поповолни услови. Каматните стапки на новоодобрените кредити…

  • Прекрасно е да си дома!

    Прекрасно е да си дома!

    Купувањето сопствен дом, а дотолку повеќе ако е прв, можеби е една од најголемите финансиски одлуки што некогаш ќе ги направите. Тоа може да биде…

  • American Express Green – картичка што ги собира сите Ваши желби на едно место

    American Express Green – картичка што ги собира сите Ваши желби на едно место

    Во тек е промотивен период, за кредитната картичка American Express Green, oдносно со секоја апликација за оваа картичка, до 31.05. покрај бесплатна членарина за првата година, клиентите добиваат…

  • Станбен и Потрошувачки кредит со промотивни понуди од Стопанска Банка АД Скопје

    Станбен и Потрошувачки кредит со промотивни понуди од Стопанска Банка АД Скопје

    Како одговор на зголемената побарувачка за станбени и потрошувачки кредити, кои од почетокот на годината во Стопанска банка се достапни со вклучено осигурување, Банката ја…

  • Капитал Банка го продолжува рокот на промотивните услови

    Капитал Банка го продолжува рокот на промотивните услови

    Заради зголемениот интерес, Капитал Банка АД Скопје донесе одлука за продолжување на рокот во кој сите нови корисници на кредит ќе имаат можност да аплицираат…

  • Отпечатоци од прсти против хакери!

    Отпечатоци од прсти против хакери!

    Британската банка “NatWest”(National Westminster Bank) наскоро почнува да ги тестира новите NFC платежни картички, кои за разлика од оние кои секојдневно ги користиме на пазарот,…

  • Започнаа преговорите за спојување на двата банкарски гиганти

    Започнаа преговорите за спојување на двата банкарски гиганти

    Најголемата германска банка, “Deutsche bank” и нејзината конкурентска банка “Commerzbank”, одлучија да започнат разговори за евентуално спојување. Последните најави на двете банки дојдоа по неколку…

  • Мобилниот паричник од иднината пристигна во секојдневието

    Мобилниот паричник од иднината пристигна во секојдневието

    Патувањето низ времето сѐ уште не е измислено, но тоа што многумина од нас го гледаа во класичните SiFi филмови во детството, полека станува реалност…