Од финансиските резултати на „Nintendo“, дознаваме дека компанијата има продадено повеќе од 32 милиони единици од својата пренослива конзола „Switch“, пренесува „Engadget“. Ова значи дека конзолата ја надминува продажбата на омилената на многу корисници – „Nintendo 64“.
Според „Nikkei“, „Nintendo“ развива помала и поевтина верзија на „Switch“ која ќе се фокусира на преносливоста. Наместо тоа, ќе недостасува дел од функционалноста на оригиналната конзола.
Според гласините, портот на конзолата сигурно ќе биде отстранет и може да се продава одделно. „Nintendo“ може да користи помал и поевтин екран и да ги интегрира хардверските копчиња во самата конзола.
Новата верзија на конзолата сигурно ќе и помогне на компанијата да ја зголеми продажбата во оваа година.